• Latest

Посета на Штајнмајер на Северна Македонија, иднината е во ветерните паркови и еколошка трансформација, регистриран Центар за македонски јазик во Грција

November 29, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Посета на Штајнмајер на Северна Македонија, иднината е во ветерните паркови и еколошка трансформација, регистриран Центар за македонски јазик во Грција

November 29, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Посета на претседателот на Сојузна Репулбика Германија Франк-Валтер Штајнмајер

Со највисоки државни и воени почести попладнево во Скопје е пречекан претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Негов домаќин беше претседателот Стево Пендаровски со кого Штајнмајер имаше тет-а-тет средба, а се одржа и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. На заедничката прес-конференцијата претседателот Пендаровски изјави дека Германија како наш клучен политички и економски партнер ја подржува интеграцијата на земјава во ЕУ, а Штајнмајер посочи дека Северна Македонија претставува ценета економска локација за преку 200 фирми со германски капитал кои се вбројуваат во најголемите работодавци во земјата и кои вработуваат околу 20.000 работници

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Штајнмајер: Преку ветерните паркови мора да ги искористиме економските шанси на еколошка трансформација

„Утре ќе се уверам во еден важен проект за иднината, во Богданци ќе имам прилика да го посетам првиот ветерен парк на Западен Балкан изграден за само 18 месеци со германска поддршка. Овој ветерен парк е пресвртница за поеколошко снабдување со енергија во вашата земја. Исто така и најголемиот инвестициски проект што се планира, тоа е ветерен парк Вирови кој во крајната фаза треба да снабдува 290.000 домаќинства. Ветерните паркови ни го покажуваат патот, мора да ги искористиме економските шанси на еколошка трансформација. Ова и за Северна Македонија и за Германија претставува поука од руската агресија, за сите нас тоа е всушност потребно за преживување, потенцира германскиот претседател“, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на денешната прес конференција што ја одржа заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика.

СУД Претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска поднесе оставка поради како што вели медиумската хајка со пласирање на лажни информации.

ПРИЗНАНИЕ Овој месец Центар за македонски јазик и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција. Од Центарот за македонски јазик во Грција велат дека во земјата и де факто е признато македонското говорно население.

МОБИЛИЗАЦИЈА Секретаријатот за европски прашања објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:

Косово ќе аплицира за членство во ЕУ, Албанија на британската листа на назначени „безбедни“ земји, заедничкиот јазик и националниот идентитет

ЦИВИЛ

ЦИВИЛ организира семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ со германски, украински и македонски експерти

ЦИВИЛ соопшти дека го започнува проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чии рамки ќе се одржи семинар за новинарки и новинари од 5 до 10 декември. Предавачи и презентери ќе бидат истакнати медиумски професионалци и експерти од Германија и Украина, како и од нашата земја. Бројот на учесници е ограничен. Пријавувањето за учество на семинарот  трае до 1 декември, 17 часот. Работниот јазик на семинарот е англискиот.

ИНТЕРВЈУ

Кока: Професионалните стандарди, саморегулацијата и новинарската солидарност ќе бидат на највисоката точка на агендата

Николовски: Не за плата во новинарството под просечната и да за бенефициран стаж и колективни договори

Зафировски: АВНОЈ од 29-ти ноември 1943-та сред фашистичкиот мрак е златната алка од нашата вековна борба за слободна држава

СЛОБОДНА ЗОНА

„Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние коишто злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста: Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес“, вели Зоран Бојаровски во денешниот коментар „Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес“

„Да не бидам апокалиптичен, ама сакам само да ги поставам дилемите. Ако се продолжи со задолжувањето и слабиот раст на стопанството во целост ќе нема нови кредити и ќе нема пари за пензии и плати на администрацијата. Мислењето дека моите ќе ме заштитат и јас нема да бидам од тие што ќе изгубат служба не е нешто сигурно. Штрајковите со кои ќе се парализира работата на институциите тешко дека ќе промени нешто на подолг рок“, пишува Војо Маневски во „Селектирање“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ