fbpx
  • Latest
Војо Маневски

Селектирање

November 29, 2022

Вонредна владина седница: Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

February 6, 2023

Ердоган прогласи еднонеделна жалост; Турската нуклеарна безбедност не е загрозена

February 6, 2023

Училиштата во Туркије ќе бидат затворени една недела

February 6, 2023

Градот на солидарноста поради Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ затаи со хуманоста

February 6, 2023

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

February 6, 2023

Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

February 6, 2023

Дезинформација е дека Груби не се поклонил пред гробот на Делчев

February 6, 2023

Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

February 6, 2023

Расте бројот на жртви во земјотресот во земјотресот во Туркије и Сирија

February 6, 2023

СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДУИ бараат итна седница на Советот на Град Скопје за помош на настраданите во земјотресите во Турција

February 6, 2023

Повредени двајца македонски ученици во земјотресот во Туркије

February 6, 2023
PENTAX DIGITAL CAMERA

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

February 6, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Вонредна владина седница: Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

    Ердоган прогласи еднонеделна жалост; Турската нуклеарна безбедност не е загрозена

    Училиштата во Туркије ќе бидат затворени една недела

    Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

    Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

    Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

    Расте бројот на жртви во земјотресот во земјотресот во Туркије и Сирија

    СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДУИ бараат итна седница на Советот на Град Скопје за помош на настраданите во земјотресите во Турција

    Повредени двајца македонски ученици во земјотресот во Туркије

    PENTAX DIGITAL CAMERA

    Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

    Trending Tags

    • ПОЛИТИКА

      Вонредна владина седница: Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

      Градот на солидарноста поради Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ затаи со хуманоста

      Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

      Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

      Дезинформација е дека Груби не се поклонил пред гробот на Делчев

      Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

      МНР најави помош за Турција

      Домашните опскуранти од групата „TNT“ не успеаја во својата аудиција, а Бугарите манифестираат недемократско однесување

      Од „љубовта“ на Москва и кон Делчев и санстефанска Бугарија настрадаа македонско-бугарските односи

      Ковачевски: Ужасна вест за земјотресот, длабоко сочувство кон Ердоган

      Trending Tags

      • ЕКОНОМИЈА
      • ОПШТЕСТВО

        Пендаровски: Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот

        Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

        МНР најави помош за Турција

        Твитерџиите му одговорија на Стојанов: Полицаецот кој не дозволи понижување на Македонија и Македонците има име, Оливер Спасовски

        Спасовски се заблагодари на македонската полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници за достоинственото чествување на великанот Гоце Делчев

        Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

        Мирно и достоинствено одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

        Trending Tags

        • СЛОБОДНА ЗОНА
          • Категорија
          • MIDNIGHT EXPRESS
          • БЕЗ ФИЛТЕР
          • БЛИЦ
          • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
          • ОД КОРНЕР
          • ПО ДОПРЕН ГЛАС
          • ПОЕНТИ
          • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
          • РАФАЛ
          • СТАВОВИ

          ВМРО АМНЕСТИЈА

          Фото: Ангел Ангеловски / ПМД

          Ниту стотици Бугари, ниту полиција од Софија, институциите на висина на задачата- само Гоцевиот културен натпревар има смисла за иднината

          ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина

          Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии: Што ќе посееме, тоа ќе жнееме

          Политичката (не)култура на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја исфрли земјата од друштвото на земји со функционална демократија

          Војо Маневски

          Правосудни состојанија

          На повидок е предлог за креативно решение за брза интеграција на дел од земјите од Западен Балкан во ЕУ

          „Патриотите“ откако го одбранија Аце – ќе го бранат Гоце

          Trending Tags

          • АНАЛИЗИ
          • РЕГИОН
          • СВЕТ
          • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
            • Категорија
            • БОРОТЬБА УКРАЇНИ
            Фото:  канцеларијата на претседателот

            Зеленски: Ситуацијата е многу тешка во регионот на Доњецк – во тек се жестоки битки, но мораме да издржиме

            Климкин: Ембарго на нафта, ограничување на цената, загубите на Русија може да достигнат 125 милијарди долари годишно

            Клеверли: Давање оружје на Украина е единствениот пат до мир

            Преку платформата United24 собрани скоро 279 милиони долари за поддршка на Украина

            Фото: Укринформ

            Резников: Независноста на воената индустрија е една од фактори на одбранбената способност на земјата

            Фото: Укринформ

            Британско разузнавање: Украина ја задржува контролата на повеќето логистички правци околу Бахмут

            Фото: Укринформ

            Рускиот терор врз цивилното население и критичната инфраструктура продолжува, на удар Харкив, Херсон, Запорижја, Донецк

            ISW: Русија не може да издржи повеќе големи офанзивни операции

            Руски МиГ полета од Белорусија, објавена тревога. 500.000 луѓе останаа без струја

          Civil
          No Result
          View All Result

                  Home СЛОБОДНА ЗОНА

                  Селектирање

                  November 29, 2022 11:16
                  in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 10
                  Војо Маневски

                  Војо Маневски

                  Share on FacebookShare on Twitter

                  ВОЈО МАНЕВСКИ

                  Седиме пред телевизорите, следејќи го Светското првенство во фудбал и како на огледало ни се појавуваат сите карактеристики на светот денес. Игра која е повеќе од спортски натпревар или игра која е слика на животот. Одберете ја самите дефиницијата, а јас дури сега сфатив дека од оваа игра може многу да се научи и да се заклучи. И најголемите таленти и докажани фудбалери можат да го намалат својот капацитет на резултати, ако подлегнат на негативната атмосфера во екипата. Но тогаш сите гледаат во најдобрите да најдат излез од состојбата. И како и во животот притисокот го прават оние кои не се меѓу најдобрите.

                  Веројатно створителот ги наместил така коцките. Оние што се најдобри да ја преземат одговорноста, а другите да ги следат. Тие следат сѐ додека е кризата, а после сите сили ги насочуваат кон присвојување барем на малку светлост која ги осветлува најспособните за подоцна да тргнат во нивно детронизирање. Ако резултатите не се според очекувањата, целиот негативен одиум го понесуваат најдобрите, додека другите тоа го сметаат како шанса да го заземат нивното место. Кога тоа ќе го направат и ќе застанат на нивното место, дури тогаш ќе се види дека се само дел од втората или третата постава. Тогаш е веќе доцна и целата екипа забележува лоши резултати сѐ додека пак некој способен и вреден не го заземе лидерското место. Додека е светот и векот човештвото ќе се движи низ овие параметри при тоа, менувајќи ги само помагалата кои ја потврдуваат оваа негова природна карактеристика.

                  Организираноста кога селекцијата е можност најдобрите да стигнат до врвот е слика на успешноста на едно општество, на еден народ и на државата. Ако тој проток е полесен и побрз напредокот е и побрз и постабилен. Ако тој е отежнат со низа непринципиелни препреки резултатот прво ќе биде постепено паѓање во апатија, а после и во пропаѓање. Примери во историјата има доволно за да се направи издржан заклучок. Во Малешевијата велат „това бачило такво млеко дава“ или на современ „математички јазик“ просекот дава просек, а врвни резултати даваат високите параметри. За потпросечните резултати е потребна само логика од изнесеното.

                  Оваа лаичка анализа е само импресија од следењето на фудбалското првенство, ако не беше разговорот со еден од бизнисмените кој води производствена компанија: „Се согласувам со твоите напишани тези во колумните, ама сепак да поставам една дилема за размислување – вели. Зошто во политичките партии на високи и највисоки места нема менаџери на производствени компании“? Се размислував да му одговорам дека сепак не е исто и правилата на организација на производството не се еднакви со усогласувањето на разните интереси на социолошките групи во општеството. Но поттикот за размислување остана и донесување на заклучок  за тоа. Каде се совпаѓаат организацијата на продуктивност со сета нејзина рационалност и водењето на политика, која според наше поимање на работите е управување на состојбите без да се води сметка за рационалност на моменталните одлуки? Нивниот сооднос е дијагноза на состојбите во општеството. Не мислам овде на современиот свет на ирационалност отсликана низ социјалните мрежи како современ вентил за  испуштање на комплексите на секој поединец или поголем дел од заедницата. Мислам на атмосферата во мојата татковина која сѐ повеќе ја зафаќа апатија и безидејноста. Како во експериментот со варената жаба каде постепеноста доведува до губење на чувството за топлина што завршува со смрт на жабата. Од политичка активност бегаат бизнисмените кои се плашат од политички етикетирања, што им носат штета, бегаат експертите што сметаат дека нивната експертиза нема да се почитува од партиските апаратчици, уметниците се повлекуваат во сопствената фрустрираност на недокажани таленти, сметајќи дека партиската припадност е за недоволно талентираните. Бегаат универзитетските професори, плашејќи се од гневот на цела една група носители на такви звања, која не дозволува конкретна верификација на нивните трудови. Бегаат оние што треба последни да се повлекуваат пред опасноста во која сѐ повеќе паѓаме како организирана заедница.

                  Ако тие општествени групи бегаат од партиското и политичкото делување, тогаш кој ни ја води државата? Овде одговорот е како во земјоделието. Што посеавме тоа ќе си жнееме, што ќе жнееме тоа ќе мелеме, што ќе мелеме тоа ќе си печеме и јадеме. Сигурен сум дека мојот професор Панов ќе ме фалеше за логичната низа што ја извлеков, ама тоа нема да помогне ако не се произведе друг логична низа на акција за промена на состојбите. Во минатиот текст предложив донесување на нов закон за политичките партии. Таков закон е ефикасен, ако е во паралела со сознанијата дека излезот е само во прифаќање на одговорноста на најспособните и највредните во целото општество и тоа без разлика на пол, верска или национална припадност. Резултатите за целата заедница треба да се критериум во вреднувањето, а не групните или семејните интереси. На крајот и таквите интереси зависат од состојбите во целост и тие ќе претрпат штети, а можат и да пропаднат ако се продолжи со негативната селекција на кадри, каде критериум е послушноста.

                  Отпорот кон овие идеи ќе биде секако голем и нема да биде лесно. Што би рекол нашиот народ „куче коска не остава без да за’ржи или каса“. Оние што пропагираат дека овие општествени спротивности можат да се разрешат само со револуција, сметам дека ги води некој младешки ентузијазам. Доста ни е од револуции и револуционери од сите видови, време е за добри домаќини. Стрпливо објаснување дека опстанокот и успехот е можен, само ако им дадеме шанса на најдобрите. Нивниот успех ќе биде и наш успех, а без нив пропаста ќе биде за многумина и посебна и општа. Најспособните и во пропаста ќе најдат излез, ама другите неминовно ќе пропаднат.

                  Да не бидам апокалиптичен, ама сакам само да ги поставам дилемите. Ако се продолжи со задолжувањето и слабиот раст на стопанството во целост ќе нема нови кредити и ќе нема пари за пензии и плати на администрацијата. Мислењето дека моите ќе ме заштитат и јас нема да бидам од тие што ќе изгубат служба не е нешто сигурно. Штрајковите со кои ќе се парализира работата на институциите тешко дека ќе промени нешто на подолг рок. Генерацијата што заминува има колективно сеќавање од деведесеттите кога цела една држава се сруши, а 300.000 илјади граѓани останаа без работа. Политиката не е бизнис, туку општествена одговорна работа, иако кај нас таа е само бизнис кој зависи од местото кое поединецот го зазема во номенклатурата. Мене тоа ми изгледа како пирамидално штедење во ТАТ штедилница што поради нерационалност се распадна и однесе сто милиони марки во неповрат. Сепак Македонија е наша татковина и не смее да се третира како пирамидално штедење. За егзодусот на нашите млади одговорност имаме сите. И тие што знаат дека не ги бива за ништо друго освен да висат по партиските штабови и граѓаните што како слепци за стап упорно гласаат за нив. Кога се распадна ТАТ десеттина лица се офајдија, ама стотици останаа без пари и перспектива. Одговорноста е како и данокот на живот „ако не го платиш на мостот ќе го платиш на мовчето“. Развртите низ сеќавањата за вакви примери низ животот, имаат исти исход, не се со среќе.

                  Print Friendly, PDF & Email
                  Tags: дилемипартииселекцијафудбал
                  Share33Tweet21Share
                  germanEmb
                  hbs

                  CIVIL MEDIA NEWSLETTER

                  Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

                  Uslovi
                  CivilMedia

                  СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • АВТОРСКИ ПРАВА
                  • МАРКЕТИНГ

                  Следете нè

                  No Result
                  View All Result
                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ЕКОНОМИЈА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • ES-PRESS-O
                  • ЕДИТОРИЈАЛ
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
                  • МАРКЕТИНГ