• Latest

Зафировски: АВНОЈ од 29-ти ноември 1943-та сред фашистичкиот мрак е златната алка од нашата вековна борба за слободна држава

November 29, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Зафировски: АВНОЈ од 29-ти ноември 1943-та сред фашистичкиот мрак е златната алка од нашата вековна борба за слободна држава

November 29, 2022 13:48
in ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, оддржано на 29 ноември 1943 година во градот Јајце и соопштија на домашната и на меѓународната јавност дека никогаш не било признато територјалното распарчување на земјата која ќе ја претставуваат рамноправните федерални единици на државите и народите.

За прв пат меѓу нив е и Македонија и нејзиниот народ. Одлуката стапила на сила веднаш, па може да се констатира дека нашата земја на тој 29-ти ноември, прифатен и од антифашистичката коалиција, го доби признавањето и суверенитетот извојувани низ сопствената борба.

Со тоа се оствари сонот на Илинденците и отпочна подготовката за Асномската законодавна и извршна демократска државна власт.

АВНОЈ од 29-ти ноември 1943-та сред фашистичкиот мрак е златната алка од нашата вековна борба за слободна држава.

Тоа е заветот, вечнот оган, од славните битки на хероите.

Борко Зафировски, режисер и драматург, долгогодишен уредник, како и главен и одговорен уредник, заменик директор и директор на ТВС/МТВ, надворешен соработник и театарски критичар на „Нова Македонија“,колумнист и соработник на „Утрински весник“, присутен во јавниот живот со низа должности како и преку Министерството за култура и директорувањето во НУБ „Св.Климент Охридски”, а последните десетина години активен во Сојузот на борците на Македонија, За”ЦИВИЛ МЕДИА” а по повод 29 ноември за ЦИВИЛ МЕДИА изнесе свои видувања за значењето на празникот, за историско-политичките премрежиња.

-Настаните кои доведоа до Второто заседание на АВНОЈ е еден историски континуитет на случувања во просторот на Кралството Југославија и потоа на земјата која што го одби пактот со Оската, по изборот на народот, на демонстрациите кои се случија после тие сознанија за склучен договор со Берлин и со фашистичките земји и дојде до тој напад, каде што по системот на старото античко римско правило „Подели па владеј, однапред поделните територии како што ги замислува соседите, а во таа Оска беа Германија, Италија, Унгарија, Бугарија.

-По тој систем се дојде до тој напад на таа држава, на таа територија. Разбиввање на таа армија која не била доволно подготвена за еден таков силен удар, а тоа биле силите кои што веќе биле веќе подготвени за замислениот напад на поранешниот партнер во договор со Рибентроп – Молотов, односно помеѓу Ссоветскиот сојуз и Германците за ненапаѓање. Е тој, односно еден голем дел од таа армија ја напаѓа тогашна Југославија и ја извршува таа поделба. Зошто го кажувам ова. ТОа го знаеме како историски факт, меѓутоа веќе од пред тоа состојбите во самата држава, поради нееднаковста меѓу граѓаните на национална, социјална основа ја правело доста слаба заедничката маса на жителите и на одбранбениот фронт на државата, вели Зафировски.

-Имено поделбата самата по себе покажува што се случува. Веќе во Хрватска лидерот на нивните националистички сили, уште пред да почне војната има тајни пактови и договори со Мусолини. Од денешен аспект кога гледаме, не можеме да кажеме какви беа тие големи „патриоти“, бидејќи Павелиќ се согласи да ја даде и Далмација и Истра, му дадоа дел да владее до Вишеград во Босна. На Недиќ во Србија му ја земаа Војводина, му дадоа еден дел од Шумадија и Јужна Србија, каде што беа влезени и Бугарите и едноставно тоа беше една инвалидизирана карта на поделеност која што можеме а ја видиме преку географијата на нашата држава. Во еден дел во тие договори навлегуваат бугарските војски, а во Западниот дел до Струга влегуваат италијанските окупатори кои што ја окупираат Албанија и дел од Грција.

-Некои слични методи се тие заради воено организирање, но суштината на сето тоа укажува која била целта. Значи не таа Југославија создадена така, веројатно под патронство највеќе на Франција, замислена како јужнословенски народи и некаково единство, туку една друга стратешка поделба на целиот простор на Европа. Ова го кажувам затоа што поентата во НОБ, антифашистичката борба и првото заседание на АВНОЈ 1942 година и 29 ноември кога се е одговор на таа политика, додава Зафировски.

-Да се потсетиме и на еден датум кој се прославуваше во поранешната држава, а тое е 4-ти јули прогласот на раководсството на КПЈ, каде што учествуваат сили на граѓанската интелигенција и пролетерјатот, потенцира Зафировски.

Разговорот го водеше: Драган Мишев
Текст: Д. Варошлија
Камера, фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ