• Latest

Последна надеж да се убедат гласачите

October 15, 2021
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Последна надеж да се убедат гласачите

October 15, 2021 16:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Последен ден од изборната кампања за локални избори. Последна надеж на кандидатите за градоначалник, до пред полноќ, да ги убедат граѓаните да гласаат за нив. Последниот ден од кампањата, политичките партии како да го резервирале за оцрнување на притивниците со тоа што на прес-конференции вадат документи за осудување, криминал, незаконско богатење, недомаќинско работење и менаџирање, како и обвинувања за поткуп на гласачи…

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

ДУИ

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, вели дека оваа кампања беше најдемократска кампања досега. Тој додава дека тоа што го прави ДУИ е дека ги предизвикува стереотипите. ДУИ наметнува теми, ДУИ отвора теми коишто ја растоваруваат државата од ретроградни погледи коишто ја држеа назад.

„Не е важна националноста, туку е важна еднаквоста. Националноста е важна доколку оневозможувате некому заради неговата националност да биде на одредена позиција во државата. Нашиот концепт е постигнување на целосна рамноправност и еднаквост на сите граѓани и на сите етнички заедници. Овој процес го реализиравме и продолжуваме да го реализираме и до сега изградивме куќа во која што сите сме рамноправни. Сега таа куќа треба да ја направиме убаво место за живеење“, истакна денеска портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи коментирајќи ја најавата на лидерот на партијата Али Ахмети за избор на „претседател на државата Албанец”.

СДСМ

Од СДСМ велат дека останаа уште 2 дена до нивната голема победа!

„Во недела граѓаните ќе го кажат своето, ќе ѝ дадат ветер во грбот на својата земја, ќе ја поттурнат напред и ќе им го покажат грбот на деструктивните сили. Секој го гледа нашиот труд последниве години за да ја унапредиме државата и квалитетот на животот на нашиот народ. Сѐ што правиме, на крајот е за една цел – повисок економски стандард на нашиот народ. Да си ги задржиме младите тука, да има повисоки плати и пензии, да има поквалитетен живот за сите. Во тоа име ве повикувам на 17 октомври да излеземе масовно Албанците, Македонците, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите, сите да гласаме за најдоброто, затоа што на крајот сепак победува најдоброто!“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта е свесна дека им се одбројани деновите, и затоа единствена работа којашто им преостанува да прават е масовен поткуп.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, го немаме обвинителството на Русковска, но во наши раце имаме нешто што тие го немаат, а тоа е народот. На овие избори на 17 октомври ќе победи најголемата коалиција што некогаш се формирала во независна Македонија, тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Нивното, драги пријатели, заврши. Крајот се гледа. Многу помина, а малку остана, денови се во прашање. Се обидоа да нè понижат, но не им дозволивме. Се обидоа да нè манипулираат, не им дозволивме. Се обидоа да нè поделат, повторно не им дозволивме. Затоа, излезете масовно и гласајте“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Од ЗХГ се залагаат за енергетска независност и борба против енергетска сиромаштија.

“Бесплатната сончева енергија мора да се користи за производство на електрична енергија или топла вода во сите 42 јавни објекти под надлежност на Град Скопје. Тоа се 21 средно училиште, 1 административно општинска зграда, 7 културни институции, 5 објекти на противпожарната бригада и 8 јавни претпријатија. Во нив треба да се идентификуваат и спроведат мерки за заштеда. Се со цел оптимизирано осветлување, затоплување, проветрување и климатизација, како и термоизолација на ѕидовите и покривите“.

Реакција на ИВЗ за злоупотреба на религијата за политички цели 

Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија најостро ја осудува злоупотребата на повикот за молитва – Езанот и молитвата за политички цели, на кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари, Тефик Махмут од Левица.

„Вчера пред Владата бевме сведоци на политички митинг, каде што беа злоупотребени исламските верски обреди – исмејување на езанот и намазот за политичка цел. Остануваме со надеж дека таквите примитивни дејствија – со злоупотреба на религијата, нема да се повторат во иднина“, велат од ИВЗ.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ