• Latest

Поставени основите за работа и роковите за работните групи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, скок од 24 места на Индексот на Транспаренси, Рашковски го бара Чулев за сведок…

January 25, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Поставени основите за работа и роковите за работните групи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, скок од 24 места на Индексот на Транспаренси, Рашковски го бара Чулев за сведок…

January 25, 2022 16:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Работните групи на Владите на Северна Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје.

Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области.

Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, како и поврзувањето со другите патни правци долж границата на двете земји.

За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Република Северна Македонија, како и за заеднички иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ.

Четвртата работна група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот си постави за задача да бидат преземени чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски – Петков: Поставивме основи за идна соработка и брз напредок на меѓусебните односи

Премиерите на Северна Македонија и Република Бугарија, Димитар Ковачевски и  Кирил Петков денеска по тет-а-тет  средбата истакнаа дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи. Ковачевски и Петков се согласија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА Во Софија денеска се потпишаа билатерални меморандуми за соработка и разбирање помеѓу неколку министерства од Република Северна Македонија и Република Бугарија.

ПРАВДА Првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски, тврди дека доказите против него се прибрани на незаконит начин. Рашковски го предложил и поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев како сведок.

АНТИКОРУПЦИЈА Република Северна Македонија на листата според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021 година се наоѓа на 87 место од 180 рангирани држави, со 39 од можни 100 поени, што е раст од четири поени и скок од 24 места во однос на минатата година. Сепак земјата останува под глобалниот просек од 43 поени, заедно со две третини од сите рангирани држави.

МЕДИУМИ Бројот на дописници од внатрешноста на државата е сведен на минимум. Македонската радио телевизија едвај има вработено неколку новинари од внатрешноста, додека приватните телевизии, земаат информации од хонорарно ангажирани новинари, пишува „Вистиномер“.

ЗАЕДНИЧКИ ЗА УКРАИНА САД и европските сојузници се „целосно едногласни“ околу Украина и подготвени се да нанесат жестока економска штета на Русија ако таа изврши напад, истакнаа синоќа од Белата куќа.

ФИНАНСИСКА ПОМОШ Велика Британија, Канада, Шведска, Швајцарија и САД планираат на крајот од месецов да основаат фонд за помош на Украина со финансирање од 35 милиони фунти (над 47 милиони долари) за период од три години, соопшти денеска прес-службата на Министерството за реинтеграција на неконтролирани територии на Украина.

ДИСТРИКТ

Дејан Андоновиќ, новинар, уредник, аналитичар во Дистрикт: Многумина имаат наследено оружје, но не го предаваат оти треба да извадат дозвола во МВР

СЛОБОДНА ЗОНА

„Доколку ситуацијата во Украина ескалира, немојте да се чудите ако онлајн насилството од интернет просторот се прелее и во реалниот, физички простор во македонското општество. 1999 година не е толку далеку, ги паметиме добро сцените на напади врз НАТО војската, палењето на американската амбасада, протестите…Молкот и немањето одговор на сајбер-насилството во виртуелниот интернет простор кај нас денес, е отворена покана за такво прелевање на насилството во реалниот свет утре“, Петрит Сарачини во Миднајт експрес: „Војната во Украина и специјалната војна во македонското општество“.

„Ги читам податоците од спроведените пописи во државите од регионов. БИХ има околу два милиони и седумстотини илјади жители, работно способни се околу милион и сто илјади. Хрватска се движи во слични пропорции, а податоците од нашиот попис ќе ги коментираме во текот на оваа година,  иако не се очекува подобра слика ниту кај нас. Да ја искористам нивната изрека — дотерали смо цара до дувара.“, Војо Маневски во колумната „Ќе има ли подобро?“.

„Ох, власта е сѐ, само не е безгрешна, а работата на опозицијата е да ја „лови“ власта во сите нејзини пропусти. Но, за тоа да биде веродостојно и од интерес на пошироката јавност, а не само поради желбата што поскоро да се сруши власта од власт, упатно е објавените „афери“, „скандали“ и „криминали“ барем понекогаш да бидат проследени и со уверливи докази, а не со рекла-казала импровизации што ќе ги полнат пропагандните портали и профилите по социјалните мрежи“, Сашо Орданоски во колумната „Во реформите е клучот, а не во „масирање“ на јавната перцепција“.

„Најкарактеристичниот феномен на нашето време е тоа што обичниот ум, препознавајќи се себеси како обичен, има самодоверба да ги бара правата на обичните луѓе и да ги наметнува кога и каде сака. Така најбрзо што може да се каже и да се пишува во социјалните мрежи преку објави на истите, со што за свое право си зема да „кажува“, односно пишува слободно за сè. Поради тоа што светот во кој живееме е сè повеќе поврзан, со луѓе кои живеат низ различни региони кои комуницираат во реално време без да излезат надвор од нивниот дом, тоа е едно од чудата на модерната технологија“, Сафит Зеќири во колумната „Мисли два три пати пред да кажеш!“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ