Во тек е потпишување на неколку билатерални договори помеѓу министрите од владите на Северна Македонија и Бугарија.
Меморандум за разбирање и соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, селските реони и горското стопанство, кој ќе биде потпишан од министрите за земјоделство, Љупчо Николовски и Иван Иванов. Министрите за економија на двете земји Крешник Бектеши и Даниел Лорер ќе потпишат Меморандум за разбирање помеѓу ИАНМСП и Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија.
Министрите за транспорт и врски Блајог Бочварски и Николај Сабев, пак ќе потпишат Меморандум за либерализација на стоки за и од трети земји, Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје-Софија, преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија – Софија – Скопје.
М.А