„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ.“
Вака гласи потерницата по Никола Груевски што МВР ја објави на официјалната веб страница. Во моментов, тој е најбараниот лик во државата. По него трагаат полицијата и новинарските екипи, но и поединци и групи. Во земјата владее општа хистерија, а зачин на сето тоа се и нервозните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски го нема.