• Latest

Потсетување: Заканите на Јованоски од Левица кон Сарачини од ЦИВИЛ

October 12, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Потсетување: Заканите на Јованоски од Левица кон Сарачини од ЦИВИЛ

October 12, 2021 09:52
in ГОВОР НА ОМРАЗА, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иван Јованоски, кој ги предводеше „црнокошулашите“ на Левица во вчерашниот инцидент на Могилата на непобедените во Прилеп за време на одбележувањето на Денот на народното востание 11 Октомври, во август 2021 се закануваше на Петрит Сарачини од ЦИВИЛ. Да потсетиме на оваа закана, која е кривично дело.

Иван Јованоски, член на партијата Левица, му се заканува на новинарот, активист и член на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини дека уште малку му остана, нема кај да се скрие.

„Петрите црнa дупко, кај ќе се пикаш бе глушец, уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Него ако, истури се, олесни се, нека, уште малце“, гласи заканата на Јовановски.

Членот на Левица, Јованоски оваа закана ја испрати преку видео порака на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ која е отворена пред неколку месеци, а каде има цела низа постови и коментари со навреди, говор на омраза и закани кон Сарачини.

Иван Јовановски, член на Левица, до лидерот на партијата Апасиев / Фото: од неговиот Фeјсбук профил

Активистот Сарачини оваа закана ја објавил на својот Фејсбук профил и јавно прашува:

„Што да правам со овој лик кој е во врхушката на фашистичката Левица? Да пријавам по не знам кој пат во полиција, обвинителство и – пак да нема реакција? Или во ЗНМ, СЕММ, ССНМ, што за некои новинари дигаат аларм а за некои не, па да ме дочека пак чувството на нееднаков меѓу “поеднаквите”?

Очигледно, институционалната неказнивост, која е нотирана и во извештаи на Европската комисија и од повеќе угледни меѓународни организации, им дозволува на високи функционери, лидери и членови на партии да се закануваат на новинари и граѓански активисти. Дел од коментарите и објавите на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ се зајадливи и навредливи, но има и пораки со јасна заканувачка содржина.

Администраторите на оваа група во која има говор на омраза, закани, навреди се: адвокатот Јанаки Митровски, инфлуенсерот Иљче Затаракоски, браќата Жарко и Дарко Масларковски од Левица (инаку музичари од групата Пука козметика, Брука бенд), Дејан Игњатов сопственик на софтвер компанија…

Засега, институциите молчат, Секторот за компјутерски криминал при МВР и Јавното обвинителство молчат, невладиниот сектор молчи. И медиумските здруженија молчат, речиси секогаш кога се во прашање вакви директни напади врз новинарот и активист Сарачини.

ЦИВИЛ Центар за слобода не молчел ниту досега, ниту ќе молчи во иднина, кога одредена партиска струкрура ќе напаѓа и ќе се заканува на било кој граѓанин или граѓанка, активист или активистка. Доста беше молк!

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result