• Latest

Повеќе инспектори и зголемени казни за загадувачите – клучно во справување со загадувањето

November 20, 2020

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повеќе инспектори и зголемени казни за загадувачите – клучно во справување со загадувањето

November 20, 2020 16:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поголем број на инспектори на ниво на општини, на Град Скопје и во Инспекторатот за животната средина, нивна соработка со невладиниот сектор и медиумите и зголемена транспарентност, вклученост на граѓаните во пријавување на одредени загадувачи, и зголемени казни за загадувачите се најважните компоненти кои се потребни за решавање на проблемот со загадувањето на животната средина.

Ова беше заклучено на денешната конференција „Како до ефикасен инспекциски надзор против загадувањето?“ спроведена од Зелениот институт, во соработка со Биро де Хелинг од Холандија.

Лилјана Поповска од ДОМ на конференцијата посочи дека покрај координацијата на инспекциите за животна средина на државно и локално ниво, потребно е да се зголеми бројот на инспектори најмалку десет пати. Тие, како што рече, треба да бидат добро обучени, да имаат различни стручни профили како на пример хемиски инженери, технолози, градежни инженери, хидроинженери, правници за толкување на законите, биолози за заштита на животната средина..

Таа додаде дека ни требаат и доволно акридитирани лаборатории. Според неа, треба најмалку десет пати повеќе акридитирани и добро опремени лаборатории да постојат со јасни мерни инструменти за многу поширока палета на загадувачи отколку што е тоа сега, бидејчи како што посочи, не се загадувачи само пет, шест супстанци кои се мерат кај нас, ги има повеќе.

Поповска посочи дека треба да се направи и јасна листа на дозволени горива и листа на забранети горива, затоа што горивата се најголемите загадувачи во индустријата и во домаќинствата.

Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на зелената партија ДОМ во обрачање на конференцијата рече дека првенствено треба да се зголеми бројот на локални инспектори, на ниво на општини, на ниво на Град Скопје но исто така и во Државниот инспекторат за животна средина.

– Загадувањето на животната средина е навистина многу комплексен проблем и една од алатките, можеби меѓу клучните алатки во справуавњето со загадувањето е инспекцискиот надзор. Ние како зелена партија многу одамна го отворивме овој проблем и работиме континуирано и во подобрување на законската регулатива и на зголемено буџетирање на овие институции кои се и на локално ниво но и на државно ниво одговорни за вршење на инспекциски надзори, и се согласувам дека на повеќе нивоа е потребно подобрување на инспекцискиот надзор, рече Морачанин.

Таа додаде дека се важни и редовни обуки на инспекторите, бидејќи како што рече, во изминатиот период се увиде дека инспекторите немаат доволно познавања како ефикасно да го спроведуваат инспекцискиот надзор. Клучно е според неа, и зголемената транспарентност на овие инспекторати.

Потребно е според Морачанин, и поголема вклученост на граѓанските оргазизации.

– Вклученост на граѓаните во пријавување на одредени загадувачи, таму каде што мислат дека има нарушување на животната средина, надминување на гранични вредности, да можат поефикасно да го пријавуваат загадувачот и последователно да ги добиваат и одговорите од своите барања за контрола, посочи таа.

Клучно е, посочи, да се акридитира државната централна лабораторија, за да може да се овозможи инспекторите да имаат можност да мерењата кои тие ги вршат бидат проверувани и обработувани во државна централна акридитирана лабораторија. Во моментов како што рече е возможно овие мерења и анализи да се вршат само приватни акридитирани лаборатории.

Невена Георгиевска од О2 Иницијатива на конференцијата посочи дека и законска регулатива и нејзина имплементација на теренот е исто така многу битна за да имаме некои резултати во поглед на намалување на загадувањето.

Таа рече дека има законски пречки и недоречености во законите, не се доволни јасни. Законите според неа треба да бидат пишувани за обичниот човек да може да разбере а не да се бара секогаш правно толкување.

Татјана Чакулев од О2 Коалицијата рече дека казните за загадувачите самите по себе се ниски.

– Максимални казни во областа на животна средина освен во законот за животна средина каде највисоката е сто илјади евра, другите закони најчесто е 20 илјади евра највисоката, закон за води, за заштита на природа за квалитет на амбиетниот воздух, за управување со отпад, само во некои случаи има до 30 или 35 илјади евра.Токму поради делот што е за порамнување и спогодување, сумите кои најчесто кај големите загадувачи како што е рудникот Саса, нивниот дневен профит е поголем од глобата, Вие и да им ја изреченеа највисоката казна која е сто илјади евра, тоа за нив не значи ништо. Овие казни мора да се многу повисоки, додаде Чакулев./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ