Се верува дека повеќе од 60 мигранти загинале откако брод со кој ги превезувале од Сенегал се превртел во Атлантскиот Океан кај Зеленортските Острови, соопштија властите оваа недела.
Шпански рибар го пронашол чамецот како плови на околу 150 милји северно од Сал, еден од островите што го сочинуваат Зеленортските Острови, според националната полиција на земјата.
Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, бродот се превртел откако го напуштил Фас Боје, рибарско село на околу 90 милји северно од Дакар, главниот град на Сенегал, на 10 јули. Потврдена е смртта на луѓето, а 56 се уште се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви.
Шверцерите натрупуваат мигранти во лошо конструирани или преполни чамци за да преминат кон Европа од нивните матични земји во субсахарска Африка и на други места. Многу од мигрантите преземаат огромни ризици за да избегаат од војна и сиромаштија дома, додека европските земји се обидуваат да ги блокираат мигрантите пред да стигнат до нивните брегови.
Според шпанската група за застапување на мигранти Walking Borders, најмалку 778 мигранти загинаа долж западноафриканската рута до Шпанија во текот на првата половина од годината.
Подготви: Д. Мишев