Новинарот Фуркан Алиу сподели фотографија од повик на протест против албанската паралелка што се формира во ОУ „Његош“, општина Гази Баба. Инаку, оваа сторија ја отвори новинарот Африм Јонузи на ТВ21 пред неколку дена. Оваа година, за првпат, се формираат паралелки на албански јазик во училиштето. Веднаш по одлуката, се појави повик за протест против оваа одлука.
„Почитувани, ве известуваме дека во понеделник (16.09.2019 година) пред ОУ „Његош“ ќе се одржи граѓански собир по повод незаконската одлука за отворање паралелка на албански јазик во 6 одделение. Ве повикуваме на масовна излезеност, а учениците во тој ден да не посетуваат настава. Собирот е од 07:30 часот“ – се вели во повикот што ги „запали“ социјалните мрежи.
Под повикот нема име на организатор. За јавноста е важно да знае кој стои зад овој повик на омраза и албанофобија, бидејќи се работи за остварување на уставното право да се изучува мајчиниот јазик во основно училиште.
Џ. Дерала