• Latest

Повик за собир на 300 студенти од Економски факултет преку лажен мејл

December 4, 2020
Фото: МВР

МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера за време на Локалните избори

October 19, 2025

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

October 19, 2025

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

October 19, 2025

Гласањето започна, граѓаните по осми пат избираат локална власт

October 19, 2025

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Повик за собир на 300 студенти од Економски факултет преку лажен мејл

December 4, 2020 12:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ завчера во текот на ноќта на своите мејл адреси добија необична порака во која беа замолени следниот ден да отидат во салата за состаноци на факултетот. Станува збор за мејл испратен до повеќе од 300 бруцоши, студенти кои студираат на различни насоки и оддели на Економскиот факултет.

Во мејлот се наведува дека поради настаната голема техничка грешка, се замениле резултатите од испитите, па поради тоа сите полагања ќе се повторат со физичко присуство.

Ова веднаш поттикна реакции помеѓу студентите на Економскиот факултет, по што тие бргу сфатиле дека станува збор за лажен мејл.

Мејл

Во лажното известување се тврди дека истото е испратено од Деканот на Економскиот факултет, Предраг Трпески. Авторот на мејлот дури се потрудил е-адресата од која ја испраќа пораката да личи на официјалната веб страна на Економкиот факултет, со што на прв поглед се добива впечаток дека информацијата потекнува од веродостоен извор. Официјалната веб страна на Економскиот факултет при УКИМ е eccf.ukim.edu.mk , а испраќачот на лажниот мејл е потпишан со истата адреса, само на електронската пошта Gmail: eccf.ukim.edu.mk@gmail.com.

Мејлот во кој се бара присуство во затворен простор на повеќе од 300 студенти доаѓа во период на здравствена криза, кога во државата се забранети поголеми собири поради зголемениот број случаи на Ковид-19, особено во главниот град.

„Мета.мк“ побара реакција од Деканатот на Економскиот факултет. Деканот, проф. д-р Предраг Трпески, рече дека станува збор за лажно креирана мејл адреса, најверојатно од некој од студентите. Факултетот веднаш реагирал и со официјално известување во електронска пошта ги известил студентите дека станува збор за лажна информација.

„Се работи за невкусна шега, злоупотреба. Најверојатно станува збор за мејл испратен од страна на студент, бидејќи тие ги имаат контактите на нивните колеги. Тој ги искористил контактите преку кои ние постојано комуницираме со студентите, им пишал лажен мејл со кој им пренесува погрешни информации. Уште вчера е испратен официјален мејл до сите 300 студенти што го добиле мејлот  и тие се известени дека се работи за лажно креиран профил. Случајот денес ќе биде пријавен во полиција и понатаму ќе биде процесуиран до надлежните институции“, вели Трпески.

Трпески тврди дека не станува збор за хакерски напад и дека адресите на повеќе од 300 студенти најверојатно се преземени од комуникацијата помеѓу студентите и официјалниот мејл на Економскиот факултет.

Но, кога некој факулет на УКИМ испраќа официјално известување или електронска пошта до студентите, пораките се енкриптирани, а мејл-адресите на студентите сe заштитени и не се видливи за секого, односно, секој студент може да ја види само својата адреса. Ова го повлече и  прашањето, ако електронсктие адреси на студентите се заштитени и не се видливи, како испраќачот на лажниот мејл дошол до овие адреси.

Економскиот факултет неодамна им додели нови електронски адреси на студентите кои тие ги користат за следење на онлајн наставата преку платформата Microsoft Teams и секој студент што ќе влезе на предавањето може да ги види мејловите на сите присутни колеги. Но, адресите на кои е испратен лажниот мејл се лични адреси на студентите, кои им се познати само ним и кои ги користат за најава во системот на УКИМ.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ