Поради дојава за поставена бомба, утрово дел од автобусите на ЈСП се повлечени од сообраќај . На возачите им било соопштено дека мораат да ги вратат автобусите во базите за проверка.
Поголем број од автобусите не стигнале да се вратат во гаражите во во Автокоманда и Ѓорче Петров на проверка затоа што полицијата правела темелна контрола.
Утрово на улиците низ главниот град владее вистински хаос. Патници со саати чекаат автобуси на станиците и не можат да стигнат на работните места. Единствено возат приватните превозници, но тие покриваат само неколку линии.
Во ЈСП доцна синоќа добиле заканувачки меил и утрово веднаш штом бил виден сите автобуси се повлечени од сообраќај и случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. МВР врши антитерористички проверки и работи на расчистување на случајот
И покрај овој инцидент, вработените од ЈСП се решени точно на пладне да одржат протест заради неисплатената септемврска плата