пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
КОГА АЛИ АХМЕТИ ЌЕ ГО ИСПОЛНИ СВОЕТО ВЕТУВАЊЕ?
Али во минатото често знаеше да изјавува дека по приемот на Македонија во НАТО, ќе се повлече од политика.
Сега стана јасно нешто што не е неочекувано, односно-воопшто така не мислел.
Кога така изјавувал, тој, во заедничка власт со Груевски, се надевал и делувале, Македонија никогаш во НАТО да не се зачлени.
За среќа на Македонија и нивна жалост, од познати причини, намерата не им се оствари.
БАРАШЕ ИСТРАГИ, СЕГА МОЛЧИ
Али до сега повеќе пати барал меѓународни истраги, сега нешто молчи, а Талат вели оти Македонија не е протекторат. Ела разбери ги!
КОГО СПАСИ ЕДЕН АЛБАНЕЦ?
Еден Албанец го спаси Трајко Велјановски од притвор, додека еден друг, Јово Вангеловски од разрешување.
КРАЈ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ИГРИ
“Времето за политички игри и големи гестови веќе е поминато…”, со право истакнува Филип Рикер. Само што ова не треба да важи само за опозицијата, туку не помалку и за оној дел од власта кој, поради стравот од реформите во правосудството, перфидно и не толку тајно, со опозицијата соработува.
Го прават тоа со цел да се спасат од гонење за кривичните дела што се откриени и продолжуваат да се откриваат со “бомбите” на Заев и Ел Чека.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.