• Latest

Поздрави и честитки за договорот за датумот за избори

June 16, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Поздрави и честитки за договорот за датумот за избори

June 16, 2020 12:40
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните избори во земјава, десетти по ред, ќе се одржат на 15 јули, петти предвремени избори од 2008 година наваму, откако вчера, конечно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се согласи на овој датум.

Ова ќе бидат најспецифичните избори што се одржале до сега, имајќи ја предвид кризата со коронавирусот и начинот на којшто тие треба да бидат спроведени – под целосна заштита од ширење на вирусот, со маски, со други заштитни средства, во поголеми простории, со отворени прозорци или можеби и на отворено.

ЦИВИЛ, преку соопштение, го поздрави постигнувањето на договорот за датум за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

-Со овој договор ѝ се стави крај на неизвесноста, по бројните одложувања. Иако препораките на ЦИВИЛ беа последен датум да биде 5 јули, дополнителните 10 дена одложување не значат многу во споредба со барањата на дел од политичките партии тие да се одржат кон крајот на август или септември, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Веста дека партиите постигнале договор за избори на 15 јули вчера на прес-конференција ја објави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Тоа ќе биде ден за гласање, за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме, истакна Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по седницата на Централниот комитет одржана вечерта на 15 јуни, изјави дека очекува претседателот на Собранието Талат Џафери да ги закаже изборите на 15 јули.

Од ДУИ соопштија дека консензусот, јавното здравје и избегнување на длабоката политичка криза бил  нивниот конзистентен став.

Договорот го поздравија и други политички партии.

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами смета дека компромисот постигнат за одржување на изборите е израз на добра волја. Според него, загрижувачко е зголемувањето на бројот на заразени, но загрижувачки е и што државата нема функционална влада и функционални институции.

Алијансата за Албанците го поздрави постигнувањето на политичкиот консензус меѓу сите политички партии во Северна Македонија, оценувајќи го тоа како добра вест и демократска вредност што ја отсликува волјата на граѓаните, не дозволувајќи создавање на политичка криза. Изборите на 15 јули, за Алијансата за Албанците, заедно со коалицискиот партнер Алтернатива и за сите албански гласачи, се златна можност да се направи политичка промена.

Претседателот Стево Пендаровски го поздрави постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии. Истовремено, Пендаровски изјави дека очекува изборите да бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел го поздрави договорот постигнат меѓу политичките партии во Северна Македонија за одржување на парламентарните избори на 15 јули. Тој изрази надеж дека изборите ќе бидат кредибилни избори и дека земјата ќе продолжи да се движи напред по европскиот пат.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји смета дека постигнатиот договор е важен сигнал за земјата, за нејзините граѓани и патот кон ЕУ.

-Овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

„Ги поздравуваме вестите дека изборите сега се закажани за 15 јули. Следниот Парламент и Влада се соочуваат со значителни одговорности што ќе влијаат на иднината на земјата… Се надеваме на продолжување и продлабочување на нашето партнерство“, напиша на Твитер американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Брнс.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски истакна дека постигнатиот договор е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја.

-Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Владата, лосочи тој, ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација заради КОВИД-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски синоќа изјави дека откако ќе го добие решението за распишување на предвремените парламентарни избори од претседателот на Собранието, Комисијата ќе почне да го организира процесот со дејствија меѓу кои и ревидирање на Роковникот.

-Техничките активности веќе подолго време ги работиме. Имаме веќе испланирани дејствија за роковникот и штом ќе престане вонредната сопстојба ќе одржиме седница на која ќе го усвоиме формално Роковникот со кој ќе се предвидат останатите дејствија до денот на изборите, изјави Деркоски за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

По објавениот датум за избори, Министерот за здравство Венко Филипче упати апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.

„Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните. Барам секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките. Очекувам сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата каде ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните“, истакна Филипче.

Партискиот договор за одржување на предвремени парламентарни избори на 15 јули годинава, синоќа резултираше со прогласување нова вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски во траење од осум дена. Следно што треба да се очекува е претседателот на Собранието Талат Џафери да потпише ново решение за одржување на изборите на 15 јули, што би можело да се случи уште денеска, а Државната изборна комисија потоа да донесе нов роковник за изборите.

-Одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од СЗО, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ