• Latest

Пожарот во Тетово продолжува да ја распламтува политичката сцена, ВМРО-ДПМНЕ со целосна поддршка на кандидатот на Алијанса и Алтернатива во Тетово

September 16, 2021
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Пожарот во Тетово продолжува да ја распламтува политичката сцена, ВМРО-ДПМНЕ со целосна поддршка на кандидатот на Алијанса и Алтернатива во Тетово

September 16, 2021 16:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарот во тетовската модуларна болница, во кој загинаа 14 лица, продолжува да ја распламтува политичката сцена. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Тетово, по средбата со синовите на едно од починатите лица во пожарот, побара независна истрага и одговорност од Зоран Заев, Венко Филипче и Илир Хасани.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги обвини лидерите на најголемите опозициски партии, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, за политикантство во случајот со трагедијата во Тетово.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев дека е „за жалење“.

ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО ЈА РАСПЛАМТИ ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги обвини лидерите на најголемите опозициски партии, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, за политикантство во случајот со трагедијата во Тетово и им порача дека за да дојдат на власт, прво тоа треба да го заслужат тоа.Тој додаде дека не размислува да даде оставка.

„Зошто да дадам оставка? Мицкоски да дојде и да биде премиер? Не размислувам, затоа што тој ќе биде премиер и заменик-премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужат, кога ќе имаат емпатија со народот, кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе даваат идеи. А не вака грозотијата да ја користат на најлош начин, кога целата наша нација е во длабока болка и црнило. И тоа во трите дена на жалост без да калкулираат за чувствата на семејствата, на децата, на родителите, на сите нас. Болката е искрена кај сите нас и тоа го гледаме. Пуста желба за власт, пусто само да се победи. Нема да се победи. Сè додека вака се однесуваат, ќе губат на избори затоа што другата алтернатива е заедништвото, инвестициите …“, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во тетовското село Нераште заедно со пратеникот Александар Велјановски, каде изразија сочувство на синовите на една од 14-те лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница минатиот петок. Лидерот на опозицијата ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да поднесе оставка за настанот, при што најави дека како опозиција ќе преземат чекори на таа тема.

„Навистина кога човек ќе се поистовети со функција и кога себеси ќе се интерпретира со функција тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажна и жална. Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој замине, а Мицкоски ќе бил премиер тогаш навистина освен она чувство на гадење кое што во овој момент го имам друго немам што да кажам. Додека министерот за здравство кој што е најодговорен за овој случај таму каде што е, до кога неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата не очекуваме непристрастна истрага. Каква истрага збориме, имаме објект кој без дозвола за употреба е пуштен во употреба. Немаме инсталации за против пожарна заштита. Јас сум инженер, констатирам, што треба понатаму да констатираме повеќе“, изјави Мицкоски.

И лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев на изјавата.

„За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да ја разберете суштината на оставката, бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa и моралот, а не власта“, му порача Села на Заев.

КОАЛИЦИСКА ПОДДРШКА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека, како што рече, советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе освои рекорден број на советници во советот на Тетово, а нивната заедничка цел е пораз на криминалната коалиција на власт СДСМ-ДУИ. По победата, потоа очекува луѓето од централната власт достоинствено да ги напуштат функциите и да им ги препуштат ним.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ