• Latest

Позитивно решение ќе биде добро за Северна Македонија, Бугарија, регионот и Европа

November 11, 2020
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Позитивно решение ќе биде добро за Северна Македонија, Бугарија, регионот и Европа

November 11, 2020 10:24
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, порачаа вчера од Влада по средбите во Софија, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев учествуваше на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

„Успешниот Берлински процес дава позитивен моментум и охрабрување на процесот. Тоа е надополнето со засилениот ангажман на германското претседателство. По денешните работните средби во Софија остануваме посветени на наоѓање решение. Тоа е важно за Северна Македонија и за Бугарија. Тие сакаат да има решение, ние исто така сакаме. Работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина“, брифираат од Владата.

Позитивно решение ќе биде добро за Северна Македонија, Бугарија, за цела Европа и за цел Балкански регион. Во спротивно, укажуваат од Владата, ќе имаме споделен неуспех за сите.

„Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани“, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Самитот во рамки на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Бугарија и Северна Македонија.

Посебен акцент во своето обраќање Заев стави на новата динамика во процесот на пристапување на земјите од Западен  Балкан во ЕУ, особено по мартовскиот Европски совет со обновената преговарачка методологија и одлуките за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија, и Загрепскиот самит во мај, како и со пакетот за проширување од Европската комисија оваа есен и со сериозниот Економски и инвестициски план.

Заев додаде дека заедно со напорите на германското претседателство со Европскиот совет, таа динамика е извонредна можност регионот на Западен Балкан сигурно да напредува кон ЕУ.

„Со најавените дури девет милијарди евра за грантови, надополнети од новиот Инструмент за гаранции за Западен Балкан, со кој треба да се зголемат инвестициите до 20 милијарди евра, ЕУ исто така храбро ја потврди својата поддршка на Западен Балкан“, рече премиерот Заев и додаде дека овој пакет ќе обезбеди голема финансиска поддршка за нашите реформски процеси и за економска трансформација на регионот.

Според премиерот, основите за економската, социјалната и зелената трансформација на нашиот регион за наредите години се цврсто утврдени и регионот исто така ја покажа својата зрелост и отпорност за време на оваа пандемија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес-конференцијата  рече дека со потпишувањето на декларациите за Зелената агенда за земјите од Западен Балкан и за Заеднички регионален пазар, државите од регионот покажаа дека веќе размислуваат и дејствуваат европски и за екологијата и за економијата и за нелојалната конкуренција.

„Овие 3,3 милијарди евра плус новите девет милијарди евра даваат можност за големи инфраструктурни проекти во регионот на Западен Балкан и она што отсекогаш сме го сонувале, обединување во сите области, како што е дигитална, транспортна и културна“, изјави Борисов.

Со потпишувањето на декларацијата за заеднички регионален пазар, Борисов посочи дека 20 милиони луѓе од Балканот ќе може да имаат повисок стандард и како што рече, ќе може да ги задржиме да останат во регионот.

Посветеноста на Грција на Агендата од Солун и поддршката за европската перспектива на земјите од регионот, ги повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на неговото учество, преку видеоконференција, на Самитот за Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Мицотакис во обраќањето нагласи дека трансформацијата на Западен Балкан во област на мир, стабилност, развој и просперитет е важна како за Грција, така за Европската унија.

Паралелно, истакна тој, критичните прашања, како што се владеењето на правото, почитувањето на човековите права и правата на малцинствата, зајакнувањето на демократските институции, како и почитувањето на договорите, се предуслови за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Германската кацеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата истакна дека Берлинскиот процес секогаш е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото, изразувајќи надеж дека овој процес ќе продолжи.

„За регионот она што морам да го кажам е дека мора да се согласувате едни со други. Не заборавајте, затоа што тоа е многу важно“, порача германската канцеларка Меркел.

Овој самит, што се организира од две држави од кои едната е земја-членка а другата кандидат, како што кажа, се одвива под отежнати околности и добро е што двете земји покажаа дека можат да ја одржат конферецијата и во овие тешки услови и дека може да го претпостави напредокот што го постигнале.

„Сакам да ви честитам и за тоа што се согласивте околу зелената агенда и тоа покажува дека сите ние сме заинтересирани да изградиме економија што е способна да овозможи премин кон економија без јаглерод диоксид и унапредување на агендата, и климатските промени, како и Ковид-19, остануваат крупен предизвик што ќе биде важен за земјите од Западен Балкан“, рече Меркел.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ