Во разговор со двајца граѓани на Велес, граѓанската новинарка ги прашува за состојбата на македонските болници, по шпекулациите за бројни случаи на поткуп и мито на лекари и други медицински лица.
Граѓаните не се задоволни од здравството и велат дека мора да им се стават пари во џеб на лекарите и да се фатат врски за да се заврши некоја работа во јавното здравство. Тврдат дека би се осмелиле да снимат со телефон таков случај, но сметаат и дека евентуалните снимки нема да променат ништо.
Според условите за учество на натпреварот „Биди граѓански новинар“, граѓанската новинарка сакаше да остане анонимна.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=ihPIELqFs-w[/youtube]