• Latest

Прашањата му се поставени на Мицкоски, може да ги одговори кога сака и како сака

November 22, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Прашањата му се поставени на Мицкоски, може да ги одговори кога сака и како сака

November 22, 2020 16:08
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски бил цензуриран? Ах! Ајде, за миг, ќе прифатам (условно) дека бил цензуриран, кутриот, за да му кажам да си појде каде што го поканиле, а каде што одбил да одговори.

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во средно школо, водевме дневник на гафови и смешни ситуации. Тоа беше наш, заеднички дневник во чие водење учествувавме сите. Иако во тој дневник имаше гафови што и самите ние, учениците, ги правевме, сепак, во нашиот фокус беа политичарите, пардон (гаф!), професорите. Имавме една професорка (нека почива во мир) која беше ризница од гафови.

Често се смеевме до солзи на нејзините грешки, особено кога егзалтирано држеше ни држеше лекции како треба да изгледаме и да се однесуваме. Еднаш, среде една таква серија гафови, јас извикав: „Професорке, почекајте малку, не можеме сé да запишеме!“ Тоа предизвика громогласна и заглушувачка смеа на 29-те тинејџерки и двајцата тинејџери, каква што беше родовата композиција на мојот клас во „Јосип Броз – Тито“. Минаха години, а јас, на некој начин, сé уште ги запишувам и коментирам гафовите на, сега, политичарите и политичките структури.

Овие денови, како што се разгорува битката за тронот во белата палата на вмровците, често добивам желба да ги замолам малку да успорат, за да можам да ги запишам сите гафови и сите манипулации, лаги и деструкција. Во секој случај, таквиот обид би бил трка со невозможното, а и непотребно е, бидејќи материјалот што го произведува палатата е огромен, но исто толку и противречен и бесмислен. Често е смешен. Таму, се разбира, предничи партискиот шеф во заминување, кој не престанува да ја засмејува публиката. Мора да се каже дека ни оддалеку не е инвентивен, ама толку е упорит, што самата негова појава сега предизвикува смеа, не мора ни многу нешто да направи или да каже.

Посебно внимание деновиве ми привлече плачливата Фејсбук објава на Мицкоски дека ТВ Телма го цензурирала. Морав да ја прочитам два пати неговата објава, бидејќи не можев да верувам во тоа што го напишал. Како го срочил текстот е башка муабет, подобро да не го отвораме.

Се прашувам, за каква цензура од ТВ Телма зборува човеков. Постојано е на Телма. Добро помнам кога, во мај годинава, директорот на телевизијата, новинарот Атанас Кировски направи, простете, многу здодевно интервју со Мицкоски, во кое ниту еднаш не му постави потпрашање, ниту го доведе во незгодна позиција. Кировски беше повеќе од коректен кога му поставуваше речиси пригодни прашања и потоа не го прекинуваше, иако Мицкоски верглаше едно те исто речиси цело време. Сличен опис може да се направи и за интервјуто што го имаше на истата телевизија и на крајот на септември. Двете интервјуа беа по околу 70 минути.

Има многу што да се каже за лажниот баланс во медиумите, за легитимирањето на структури кои се одговорни за криминал и заробување на државата, за форсирањето на политичари кои отворено промовираат фашизоидни вредности… но ќе го оставиме тоа за првата погодна прилика.

Пораката на Мицкоски, колку и да беше неприфатливо плитка и неверојатна, а исто толку и комична, предизвика лавина од говор на омраза. Тоа ни оддалеку не е некој спонтан изблик на револт, туку само уште една вообичаена, добро позната, секојдневна активност на вмровската трол фабрика. Веројатни, ова беше уште еден неуспешен обид на Мицкоски малку да заличи на гласните приговори на граѓанското општество од времето на медиумскиот мрак во кој тонеше македонското општество. Тоа беше време на владеењето на партијата од чии политики и практики во ниеден момент не се откажа сегашното раководство на вмровците.

Дали целта беше постигната? Ако била да се прикаже македонскиот медиумски простор како заробен од власта, тогаш сигурно не, бидејќи таквото тврдење може да биде само смешно. Но затоа се потроши уште еден ден, па еве и уште еден текст, кој говори за Мицкоски и за неговата партија. Постојано присуство во јавноста, постојана врева, па нека се работи и за комични изјави, гафови и лаги, важно е да се биде во фокусот. Ако тоа е целта, тогаш е постигната, биг тајм. Особено во време кога доминираат медиуми кои не знаат да разликуваат лажен од вистински баланс.

Но еве, ќе прифатам за миг, дека ТВ Телма направила нешто фантастично – го цензурирала Мицкоски… И самиот поим за цензура го употребува крајно погрешно во својата објава, но ќе го занемариме и тоа, во духот на почетокот на овој текст… Ќе прифатам (условно) дека бил цензуриран, кутриот, за да му кажам да си појде каде што го поканиле (не дека го нема на Телма, напротив), а каде што одбил да одговори.

Ќе ја искористам оваа прилика да го потсетам Мицкоски на повеќе од сто прашања што му се испратени во текот на изминатите три и пол години, од кои најмалку половината сé уште се актуелни. И да го потсетам дека неколку десетици пати јавно, по мејл, па дури и со физичка достава на писмо, му се испратени прашања или покани нему или на портпаролите. Го имам покането на дебати, настани и интервјуа… Како и Груевски, на кој своевремено му испраќав покани и по СМС, ни сегашниот претседател на ВМРО-ДПНЕ не одговори. Ниту еднаш. Токму така, воопшто не одговорил.

И неодамна, пред крајот на октомври, имаше таква порака од мене: Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв дел и втор дел). Молк.

Нема потреба посебно да нагласувам, но може да биде сигурен дека сé што ќе каже, ќе биде објавено без интервенција, без кратење и бришење. Ете, дури и прашањата веќе му се однапред поставени. И новите прашања ќе му ги поставам однапред, за да ги подготви одговорите. Да, има и нови прашања. Благовремено ќе му бидат доставени.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: ВМРО-ДПМНЕвмровциМицкоскиТВ Телмацензура
Share49Tweet31Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ