ЦИВИЛ редовно ги поканува сите заинтересирани да го дадат своето мислење за актуелни теми и прашања. Најинтересните одговори се објавуваат во посебни содржини на медиумската платформа на Организацијата, а се испраќаат и до релевантните институции.
И денеска, тимот на ЦИВИЛ ги покани сите заинтересирани да учествуваат во обликувањето на јавното мислење. Дали е потребно воведување карантин, делумен, целосен или никаков, со кои аргументи се поткрепува ставот на луѓето, што е потребно да се спроведе тоа… се само дел од прашањата кои произлегуваат од ова прашање.
Постои можност, доколку луѓето не сакаат јавно да се експонираат, да напишат порака на Фејсбук или да испратат мејл до организацијата [email protected].