Откако на собраниската седница за пратенички прашања минатиот четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз во Собранието поднесоа свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица. Поддршка за една изборна единица дадоа и ТПХ и ДОМ. ДУИ, исто така, подржува една изборна единици, но со отворени листи.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за една изборна единица?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа