Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените.
По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно.
Се повеќе земји во регионот го актуелизираат прашањето за воведување (враќање) на задолжителното служење воен рок. Ова е прашање кое несомнено заслужува внимание, анализирање и проучување на влијанието кое може да го има врз одбраната и безбедноста на земјата.
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа