ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?
Министер за внатрешни работи Панче Тошковски се пофали дека МВР, со него на чело, успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата и колку Македонија сега е безбедна држава и дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега.
Кој е вашиот став?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа