Од денеска, ЦИВИЛ ќе поставува ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ врз основа на пристигнатите предлози од читателките и читателите. Како прво прашање, на самиот почеток на учебната година, логично беше да се постави токму тоа прашање во насловот.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кои се клучните проблеми на почетокот на учебната година?
Медиумската платформа на ЦИВИЛ произлезе од граѓанките и граѓаните. Тоа е простор каде што секој што е засегнат со одредени прашања, предизвици или потреби во заедницата и пошироко во општеството има можност да го изрази своето мислење или да ја алармира пошироката јавност и институциите. ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, го изгради овој уникатен простор за информирање, но и за слободно мислење, изразување и граѓанско дејствување. Оваа нова онлајн иницијатива е дел од тоа заедничко дејствување.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа