Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ вчера во Тетово одржаа нова средба со професори од Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност со цел, како што велат, да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата за формирање албанска Академија на науките и уметностите?
ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Анонимност
Доколку сметате дека може да биде загрозена вашата приватност, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот може да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа