Сведоци сме на голем број објави во медиумите и на социјалните мрежи во кои има дезинформации, клеветење, па и говор на омраза против организаторите на јавните собири што се организираат овие денови низ целата земја.
Граѓанските собири се во знакот на тагата по жртвите, солидарност со семејствата и блиските на настраданите во трагедијата во Кочани, како и во знакот на барањата за одговорност и правда. Кому му пречат овие јавни собири? Зошто се покрена цела машинерија за нивна дискредитација?
Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа