По медиумите и на социјалните мрежи се шири видео со најновиот гаф на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот НАТО во Хаг со изјава во која ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, на кого дополнително му ги погреши почетните иницијали, па наместо Џеј Ди Венс, го нарече Диџеј Венс.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа