Бојкот на наставата во две скопски основни училишта поради проблематичен ученик од трето одделение, итна средба на МОН и Одборот на родители. Откако родителите на учениците од „11 Октомври“ почнаа да ја бојкотираат наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска празно остана и ова училиште.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Tреба ли проблематичните деца да се бркаат од училиште или да се работи со нив?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа