На денешната собраниска седница на Комисијата за Европски прашања се обрати Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, којшто пред присутните се обиде да објасни што се случувало во Брисел.
„Со одлуката од јуни минатата година го започнавме обврзувачкиот скрининг, сите признанија нè охрабрија да ја очекуваме позитивна одлука. Оваа седница не е сликана за да си честитаме. Неможноста на европскиот совет да постигне консензус за нашата одлука е историска грешка и неправда. И е Европслиот парламентот го потврди тоа. Чувството на разочарување не треба да се оддалечи од патот на реформите и од патот на пријателството со другите држави. Немаме право да се предадеме. На маса сме со најмоќните“, рече Османи.
Пред присутните се обрати и пратеникот Антонијо Милошоски.
„Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат на манипулативни објаснувања ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладини забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика“- рече Милошоски.
По обраќањето на Милошоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.