• Latest

Правда за Алмир мора да има!

March 21, 2018
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Правда за Алмир мора да има!

March 21, 2018 13:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива „Правда за Алмир – Drejtësi për Alimirin” денеска со протест пред Владата го изразија нивниот револт во случајот со малиот Алмир, односно поради преквалификација на делото од убиство, во тежок престап со последици по имотот во сообраќајот.

На протестот тие ги упатија нивните барања до Владата:

“Се собравме денес да протестираме за трулата правда во Република Македонија.  Срамно, пред наши очи органите на правдата  убиството на 4 годишниот Алмир го преквалификуваа во престап во сообраќајот.  Овде сме да кажеме дека нема да го дозволиме тоа. ПРАВДА ЗА АЛМИР МОРА ДА ИМА.

Бобан Илиќ изврши убиство! Обвинението треба да гласи според  доказите, а не според нечии наметнати и пристрасни  гледишта и интереси!

Случајот за Алмир ќе биде правично и праведно воден единствено доколку судската постапка  започне одново, и истата ја водат стручни, непристрасни и некорумпирани обвинители и судии, и тоа надвор од Куманово. Обвинители и судии кои ќе одлучуваат професионално, правично,чесно и непристрасно.

Правда за Алмир!

Затоа, ние, граѓаните на Република  Македонија, ќе поднесеме кривична пријави против:

  • Јавната Обвинителка Сузана Кусигерска, поради злоупотреба на должност, бројни пропусти во постапката и намерно неизнесување на факти и сведоштва, за кои сведочеше целата јавност, а што резултираше со преквалификација на делото од убиство во тешко дело во сообраќајот.

Воедно бараме одговорност од сите чинители во неправдата кон Алмир:

  • (Бараме) Одговорност од Проф.Др Бранислав Стефановски, невропсихијатар и Асистент Доктор Зоја Бабинкостова поради вршење вештачење спротивно законот за вештачење.
  • (Бараме) Разрешување на судијката Маја Денковска, поради нестручно вршење на должноста. Денковкса намерно не ги прифати клучните докази и сведоци кои ја потврдуваат намерата за убиство од страна на обвинетиот.
  • (Бараме) Разрешување на В.Д Основен јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани, поради неприфаќање на барањето за изземање на обвинителката Кусигерска, односно попречување на правдата за Алмир
  • (Бараме) Разрешување на сите јавни обвинители на Kолегиумот на  Јавното обвинителство на РМ: Ацо Колевски, Башким Бесими, Бодан Лазарески, Ферат Елези, Исмаил Дардишта, Лилјана Спасовска, Анита Топалова- Исајловска, Влатко Георгиевски, Џелал Бајрами, Воислав Гавровски
  • (Бараме) Итно разрешување на  Јавниот Обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовевски, затоа што носи идентични одлуки со Марко Зврлевски. Јовевски не е реформа.

Бараме одговорност од Владата на Република Македонија и Премиерот Зоран Заев. Заев и Владата на РМ не само што не ги реализираа  најавените реформи во судството,  туку  дозволија правдата да ја делат истите корумпирани, непрофесионални и пристрасни  обвинители и судии кои го убија Алмир повторно.

Бараме правда за Алмир!

Нема правда – нема мир!”

Д.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Правда за Алмир“барањаПротест
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ