Повторно се се врти околу судството и владеење на правото и правдата, и додека првата антикорупционерка Биљана Ивановска вели дека ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но и дека ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите, денеска адвокатите на Катица Јанева повторно не дојдоа на судењето за случајот „Рекет“, така и повторно се одложи.
Но, ново Специјалното јавно обвинителство за гонење на криминал, тешко дека ќе се формира, со оглед на тоа дека опозициската ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, со сите расположливи средства го минира законот за Јавно обвинителство. А кој друг им е крив за тоа, ако не СДСМ и Зоран Заев? Граѓаните со ваква несериозна опозиција ќе чекаат некои подобри времиња, кога конечно ќе почнат да веруваат во правдата и правдината.
Собранието најверојатно ќе се распушти на 12 февруари, откако ден претходно ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО Алијансата. И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, нагласи дека во Северна Македонија изборите во април ќе се спроведат како 30-та земја членка на НАТО. Таа апелираше до опозициската ВМРО ДПМНЕ да престанат со теоријата за поништување на Преспанскиот договор, бидејќи тоа само и штети на државата.
Дехран Муратов