• Latest

Пред пратениците предлог дополнување на Закон со кој се регулира коефициентот за исплата на плати во високообразовните установи

March 7, 2024
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред пратениците предлог дополнување на Закон со кој се регулира коефициентот за исплата на плати во високообразовните установи

March 7, 2024 07:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната собраниска седница пред пратениците ќе се најде предлог дополнување на Законот за високо образование со кој ќе се воедначи платата на вработените во јавните високообразовни установи, која се исплаќа од средствата на буџетската сметка, за иста сложеност, обем на работа и исто образование во сите јавни високообразовни установи.

Со ова решение се предвидува регулација на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи.

Со членот 1 се дополнува текстот на законот со два нови члена со кои законски се уредува платата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка и коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка.

Со ваквата законска интервенција јасно и недвосмислено треба да се постигне вооедначена вредност на коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка.

Овие законски измени претходно ги најави претседателот на Собранието, Јован Митрески.

-Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование, со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, напиша Митрески на својот Фејсбук профил.

Од друга страна претседателот на Влада Талат Џафери истакна дека со посочените универзитети немало време да се потпишат договорите и тие да добијат повисоки плати, бидејќи се распишале изборите.

Вработените од петте јавни универзитети во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот излегоа на мирни протести зашто не им биле потпишани колективните договори, со што останале покуси во платите за 22 проценти за разлика од колегите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде веќе е спроведен ваквиот договор.

Tags: МитрескиплатиСобраниеЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ