Државата терорист која пред три години, во стилот на Хитлер, изврши целосна воена инвазија против Украина, независна и суверена држава во Европа, сега седи на преговарачка маса со САД – сцена која ниту еден разумен човек не можеше ни да ја замисли.
Кога ќе погледне човек како се водат преговори за Украина без Украина, единствените зборови со кои тоа може да го опише се предавство и капитулација.

Подеднакво неприфатливо, тие преговори се водат и без Европа – каде што се наоѓа Украина – на чија почва руските трупи извршија и продолжуваат да извршуваат ужасни воени злосторства, „оправдани“ со геноцидната идеологија на Кремљ.
Дали ова е она што Трамп го нарекува „ставање крај на војната“? Тоа е невозможно! Тоа не е ништо освен одобрување и поддршка на воените агресии, воените злосторства и геноцидот.
Џабир Дерала
Извадок од колумната:
Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!
Додека рускиот агресор продолжува со својата крвава инвазија врз Украина, Трамп отворено застанува на страната на диктаторот и воениот злосторник, Путин! Наместо да застане во одбрана на слободата и праведниот мир, тој ја турка Америка кон срамна капитулација и соучесништво со Путин!
Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!