• Latest

Предизборни престројувања

February 12, 2020
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Предизборни престројувања

Законот за ЈО, односно неусогласеноста на опозицијата со власта за условите за донесување на законот го кочи распуштањето на Собранието коешто требаше да се рапушти денеска, за да се распишат предвремените парламентарни избори на 12 април.

February 12, 2020 17:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за Јавно обвинителство денеска помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања. Откако членовите на Комисијата ги разгледаа Предлог законот за Јавно обвинителство и  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, по скратена постапка, и одлучија да ги проследат во натамошна постапка, односно тие да одат на пленарна седница.

На текстот на законот за ЈО имаше само еден амандман поднесен од пратеникот Сурија Рашиди, кој министерката за правда Рената Дескоска не го прифати и не беше усвоен од мнозинството во Комисијата.

Министерката Дескоска образложувајќи го Предлог законот за Советот за јавни обвинители, рече дека никој не треба да има дилема дека членот 110 се однесува на материјалите од прислушуваните разговори кои се преземени од Специјалното јавно обвинителство.

На седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Предлог-законот за јавно обвинителство, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски  презентира писмо, аудио снимка и транскрипт за, како што наведе, разговор на лицето З.З. во врска со Боки 13.

Според него, оваа снимка покажува зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки. Тој пред пратениците ја пушти аудио снимката, а потоа го прочита и транскриптот.

Министерката за правда, Рената Дескоска на ова одговори дека лично ги повикува ЈО доколку има докази, па дури и индиции за сторени кривични дела да отвори постапки и да ги процесуира.

Премиерот Оливер Спасовски денеска не сакаше да ја коментира снимката што на собраниска комисија ја објави пратеникот Антонио Милошоски, за која рече дека е поврзана со случајот „Рекет“. Спасовски кусо порача дека за „Рекет“ се води постапка што треба да заврши и секој што постапувал незаконски да одговара за тоа што го направил.

За предлог-законот се изјаснува и Законодавно-правната комисија, а по комисиската расправа, за предлог-законите треба да се расправа и на пленарна седница на Собранието, која што уште не е закажана.

Од ВМРО-ДПМНЕ, бараат да се прифати нивниот предлог за распуштање на Собранието и да се распишат избори, а Христијан Мицкоски изјави дека не гледа причина ВМРО-ДПМНЕ да биде во Собрание, бидејќи не се прифаќа нивното барање Собранието да се распушти денеска, и дека ќе имаат Извршен комитет на кој ќе дискутираат по ова прашање.

Собранието требаше да се распушти денеска, на 60 дена пред одржување на изборите. Партиите на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски во октомври, откако земјата не доби датум за почеток на преговори, се договорија на 12 април да се одржат предвремени парламентарни избори. За таа цел беше избрана и техничка влада на 100 дена пред изборите, која треба да организира и спроведе изборен процес, но по консултациите со ДИК, претседателот на Собранието Џафери одлучи собранието да се распушти на 16 февруари, до кога се очекува конечно да се донесе Законот за ЈО.

Дијана Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ