• Latest

Предизвици со платформата за онлајн настава, министерството ветува дека ќе се надминат

October 6, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предизвици со платформата за онлајн настава, министерството ветува дека ќе се надминат

October 6, 2020 14:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука известува дека од почетокот на учебната година, 1 октомври, бројот на учениците кои следат онлајн настава е зголемен за околу 10% и дека за неполна недела околу 80% од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучиле кон онлајн наставата и дека процентот од стартот на годината постојано се зголемува.

„Останатите, учениците и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучување во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат – лошата интернет конекција или немањето уреди. Министерството за образование и наука е во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици“, стои во соопштението на министерството.

Од министерството информираат дека моделот за онлајн настава се покажала функционална и успешна и дека наставниците и учениците се задоволно од тоа како се одвивала наставата од далечината.

98% од учениците од 1-3 оддление следат настава со физичко присуство во училиштата, а помалку од 2% учат од далечина, информираат од министерството.

„За учениците коишто немаат уреди за онлајн учење, а сепак треба да учат на далечина успешно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио телевизија. Исто така, наставниците имаат обврска да им печатат материјали и редовно да им ги доставуваат, но и да бидат во постојана комуникација со нив и нивните семејства, за да го следат совладувањето на наставниот материјал“, велат од министерството за образование.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, истакна дека владините одлуки се во интерес на заштита на јавното здравје и дека ќе има санкции доколку не се почитуваат истите.

„Владините одлуки се во интерес на заштита на јавното здравје и секако дека ќе има санкции доколку не се почитуваат истите“, изјави Царовска.

Професорот Ајет Реџепи во изјава за ЦИВИЛ Медиа истакна дека големината на Националната платформа за далечинско учење е тоа што е заедничка за сите основни и средни училишта, околу 270 илјади корисници. Според него очекувањата се големи, но истовремено постои и одреден страв кај новите корисни.

„Можно е поради обемноста на сево ова да има на почеток одредени потешкотии од технички аспект, но сето тоа ќе се решава брзо и во од. Сепак мислам дека многу повеќе треба тема на дискусија да бидат продобивките од платформата, а се помалку стравот и скептичноста од имплементација на овој и ваков проект. Платформата како таква ќе се применува уште долго без оглед на ситуацијата и можноста за физичко присуство на учениците. Така да придобивките ќе бидат далекусежни. Мислам дека за месец до два сите до толку ќе привикнеме на неа што ќе ни биде многу тешко да работиме без неа дури и ако продолжиме со настава со физичко присуство“, смета професорот Реџепи.

Наставничката Билјана Николова во однос на Националната платформа за учење од далечина, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, вели дека тоа е образовна платформа која е прилагодена соодветно на нашиот образовен систем и која ги обединува на едно место учениците, наставниците и сите потребни програми кои се потребни за реализација на наставниот процес.

„Јас лично сметам дека во периодот кој следува Националната платформа ќе ни овозможи еден стабилен и континуиран процес на онлајн учење. Самата платформа е богата со многу активности и ресурси, кои би им помогнале на наставниците да креираат интересни и интерактивни содржини за своите ученици. Искрено се надевам дека процесот на прилагодување на Националната платформа и онлајн наставата ќе биде брз и лесен за сите чинители на учењето на далечина“, додава Николова.

А. П.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ