• Latest
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Предлог ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница

May 28, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница

May 28, 2025 10:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница.

По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер Мицкоски  што го објавија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го усвои текстот на Договорот со кој е дефинарно партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, а Предлог законот за негова ратификација вчера беше испартен во Собранието.

Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други критични сектори во Република Македонија.

Планираните проекти со Договорот се изградба и реконструкција на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој ориентационо како што соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Никооски, би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра, како и изградба на Клиничката болница, Медицински факултет и Студентски дом во Штип, целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, околу 200 милиони евра.  Областите на соработка се наведени во Анекс А, каде стои и дека ќе се реализираат и програми за развој на транспортниот Коридор 8, за развој на капацитети за сајбер бебзедност и дигитална трансформација на Владата, како и за развој на капацитетите за производство и пренос на електрична енергија.

Во текстот на објавениот Договор стои дека покрај првичната група проекти се наведени во анекс А, а можат да се вклучат и други проекти доколку така одлучат учесниците. Во член 2, каде е уредена програмата за финансирање, е наведено  дека учесниците ќе работат заедно за да идентификуваат можности за финансирање проекти, вклучително и од Инструментот на Обединетото Кралство за финансирање на извозот. Преку тој инструмент за државава се ставаат на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти. финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти.

Во член 4 е дефинирана доверливоста на договорот, каде е наведено дека учесниците  прифаќаат разменување на информации за исполнување на целите а Договорот преку три одредби. Со нив е предвидено дека учесниците можат да ги користат информациите само за намени во поддршка на овој договор и ќе ја чуваат доверливоста на информациите разменети меѓу нив, во случаи во кои кој било од учесниците е законски обврзан да открие информации согласно важечкото законодавство или според судска наредба или заради друга причина, меѓу себе треба да се известат пред да ги откријат информациите. Или во случиа во кои тоа не би било разумно изводливо пред откривањето на предметните информации, учесникот ќе го извести другиот учесник по откривањето на таквите информации.Исто така се обврзуваат дека ќе спроведат соодветни мерки за заштита на доверливоста на информациите што се откриваат и на доверливоста на кој било документ што следствео ќе се размени според Договорот.

Како што соопшти Николоски,  соработката за Договорот ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји.

извор: МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ