Активистот Владимир Вангелов денеска на својот фејсбук профил предложи интересен начин за помирување. „Со цел да го забрзаме процесот на помирување, предлагам: Граѓанскиот претставник Павле Богоевски и народната претставничка Даниела Рангелова да иницираат помирување помеѓу “шарените командоси” и “војводките со виледа”! Свечениот чин на помирување може да биде на 24 Декември, под Триумфалната капија на Бетка!“, напиша Вангелов.
Ако имате вакви креативни предлози, повелете изразете се.
С. Т.