• Latest

Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори (2. дел)

June 8, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори (2. дел)

June 8, 2020 16:31
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Д-Р АЛЕКСАНДАР Љ. СПАСОВ

2. Зошто „моравме“ да имаме предвремени избори од 2008 година до денес?

Со исклучок на првите плурални парламентарни избори што се одржаа во 1990 година како последицата на колапсот на социјалистичкиот еднопартиски модел на управување со државата, во услови на многу скромно демократско искуство, сепак, нашата држава се до 2008 година имаше редовни избори за пратеници во Собранието на секои четири години.

Така, првите редовни избори, после оние во 1990 година, се одржаа во 1994 година, вторите редовни избори во 1998 година, третите во 2002 година и четвртите во 2006 година. Во меѓувреме, се менуваат изборните модели.

Во 1990 и 1994 година имавме мнозински изборен модел со 120 изборни единици во кои се бираа исто толку пратеници во Собранието, во 1998 година имавме мешовит модел со 80 изборни единици од кои се бираа исто толку пратеници според мнозинскиот модел и 40 пратеници кои се бираа според пропорционалниот модел на една листа при што целата територија на државата беше една изборна единица.

Во 2002 и 2006 година се воведе актуелниот пропорционален модел според кој државата е поделена на шест изборни единици од кои се бираат по 20 пратеници во Собранието од единствени листи по изборни единици.

После 2006 година овој модел беше дополнет со три нови изборни единици во дијаспората, од кои се бираше по еден пратеник според мнозинскиот модел, за, подоцна, овој модел на „пратеници од дијаспората“ да биде редуциран на една изборна единица за целиот свет од која се бираат најмногу три пратеници, со дополнително ограничување дека „првиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Северна Македонија на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија“ (чл. 4 од ИЗ). За вториот се бара двојно поголем број на гласови, а за да биде избран третиот се бара тројно поголем број на гласови.

Ниту еден од кандидатите за пратеници во дијаспората не го исполни овој дополнителен услов, така што во мандатниот период од декември 2016 до февруари 2020 година немаше пратеник избран во дијаспората односно во седмата изборна единица. Во 2020 година, барем според тековната состојба, воопшто нема да се одржат избори во седмата изборна единица бидејќи не се саморегистрирани доволен број на избирачи за, согласно Изборниот законик, да се одржат избори во седмата изборна единица.

Но, не се менуваа единствено изборните модели. Државата минуваше низ различни политички кризи. Тогашните опозициони ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија се решија да го бојкотираат вториот круг на парламентарните избори бидејќи се сомневаа во регуларноста на првиот круг во кој во најголемиот број од изборните единици коалицијата „Сојуз за Македонија“, предводена од СДСМ, Либералната партија и Социјалистичката партија на Македонија, беа во водство.

На тој начин, Собранието од 1994 до 1998 година работеше, практично, без опозиција (во 1996 година Либералната партија ја напушти владата и владејачката коалиција и на тој начин стана парламентарна опозиција, но, и покрај тоа, таа не беше опозиција избрана на избори и со тоа не ги претставуваше ставовите на доминантните опозициони гласачи). Во 2001 година државата беше на работ на граѓанска војна, а со државата раководеше концентрациона влада.

Сепак, во текот на есента, министрите кои ја претставуваа тогашната опозиција предводена од СДСМ ја напуштија владата, а претходната владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА повторно го формираше владејачко мнозинство и влада. И во двете наведени околности преовлада тенденцијата да се формира мнозинство во Собранието наместо да се оди на предвремени парламентарни избори. Таквиот развој на настаните не значи дека тие одлуки биле исправни, но истите се индикативни за однесувањето на пратениците и партиите во тој период на кризни состојби.

Спротивно на овие тенденции од 2008 година до денес преовладува сосема поинаков став кон предизвиците и кризите, а со тоа и кон потребата за предвремени парламентарни избори. Првата одлука за распуштање на Собранието не беше предизвикана поради значителна криза во владејачкото мнозинство и владата (вистина е дека партијата НСДП, еден од коалиционите партнери во владата, повремено, упатуваше критики кон премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, но разликите не беа непремостливи).

Имено, премиерот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ донесоа одлука да предложат и изгласаат избори повикувајќи се на неуспехот на државата да стане полноправна членка на НАТО на самитот на НАТО во Букурешт поради блокада од Грција врзана со спорот за името и потребата за обновен политички мандат. Во фонот на оваа „службена причина“ беше и притисокот на партијата ДУИ да ја замени партијата ДПА како „претставник“ на Албанците во владата, со оглед на поголемиот број на освоени гласови на парламентарните избори во 2006 година и со тие гласови стекнатиот легитимитет. Тој притисок особено кулминираше во времето на безбедносната криза и полициската акција во тетовското село Бродец против паравоени и криминални структури кои го контролираа селото и се обидуваа да воспостават контрола на поширокото подрачје на Шар Планина.

Предвремените избори во 2011 година, исто така, не беа резултат на губењето на поддршката од мнозинството во Собранието. Вистинската причина за изборите беше релативниот раст на рејтингот на опозиционата СДСМ споредено со слабите изборни резултати на парламентарните избори во 2008 година и на локалните избори во 2009 година. Несигурен во идниот развој на настаните и без никаква дополнителна причина, премиерот Груевски повторно „посегна“ по предвремените избори. Оваа ситуација, уште порадикално, се повтори на предвремените избори во 2014 година. Имено, после катастрофалните резултати на опозицијата на локалните избори во 2013 година и помалку од една година од добивањето на партискиот мандат на новото раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, без ниту една друга причина, премиерот Груевски ги инструираше пратениците од владејачкото мнозинство да донесат одлука за распуштање на Собранието.

Следните предвремени избори во 2016 година се, можеби, единствените предвремени избори за кои постоеше доволно оправдана причина и јасна политичка логика. Тие беа производ на политичката криза што започна уште истиот ден на изборите во 2014 година. Опозиционата СДСМ реши да не ги признае изборните резултати непосредно по завршувањето на изборниот ден, сомневајќи се во нивната регуларност.

На оваа одлука ѝ следуваше одлука за бојкот на работата на Собранието. Конечно, од февруари 2015 година опозиционата СДСМ започна со откривање на скандалот со нелегално прислушуваните телефонски разговори и, воопшто, нелегалното следење на комуникациите во подолг временски период за што беше обвинета државната безбедност односно Управата за безбедност во составот на МВР, под контрола на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Пакетот за разрешување на кризата, покрај формирањето на Специјалното јавно обвинителство кое требаше да ги гони сторителите на кривични дела кои произлегуваа или беа поврзани со нелегално следените комуникации, вклучуваше и формирање на т.н. преодна влада за организирање на парламентарни избори и предвремени парламентарни избори. Датумот за тие избори се одложи два пати, за конечно, тие да се одржат во декември 2016 година.

Настаните што следеа после изборите и злоупотребата на власта со одолговлекувањето на процесот за избор на нов претседател на Собранието и формирањето на нова влада, кулминираа со насилниот упад на организираната толпа во Собранието на 27 април 2017 година.

Последниот пример на предвремени избори се тековните избори што треба да се одржат во 2020 година. Овие предвремени избори се резултат на изневереното очекување за определување датум за почеток на претпристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, што требаше, првично, да биде определен во јуни 2019 година, а беше одложен за октомври истата година, но и тогаш не беше определен поради барањето, првенствено на Франција, за усвојување на нова методологија за водење на претпристапните преговори пред определување на датум за кандидатките Северна Македонија и Албанија.

Во јавноста се создаде мешавина од критика и разочарување, а под налетот на силни критики од опозицијата, премиерот Заев одлучи да понуди предвремени избори. Понудата беше прифатена од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и во дијалог, под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски, водечките политички субјекти го определија 12 април 2020 година како датум за одржување на предвремените избори.

Настаните што следуваа се нашата сегашност. Така, како резултат на пандемијата на вирусот КОВИД-19 беше утврдено постоење на вонредна состојба, а Владата донесе уредба со законска сила за запирање на изборните дејствија и нивно продолжување после завршувањето на вонредната состојба. Во времето на подготовка на овој текст, новиот датум за одржување на изборите, сеуште, не е определен.

За сите предвремени избори од 2008 година до денеска, освен за оние во 2016 година, индикативно е дека не постоеше ниту една од стандардните причини за организирање на предвремени избори. Во стандардните причини влегуваат изгласување на недоверба на владата, неможноста да се формира парламентарно мнозинство за да се избере влада или неусвојување од страна на парламентите на некои круцијални владини предлози, како што се буџетите или клучните реформски закони. Сепак, владејачките мнозинства се одлучуваа на предвремени избори со, барем, декларативна желба да го обноват политичкиот мандат заради поголем политички легитимитет.

(ПРОДОЛЖУВА)

 


Ставовите изнесени во овој текст се лични ставови на авторот. Тие, на ниту еден начин, не ги одразуваат ставовите или официјалните позиции на институциите или поединците со кои авторот има професионална соработка.


Претходна објава: 1. Исклучокот станува правило

 

Најава на следните продолженија (наслови):

Политички и правни последици од предвремените избори (3. дел)
Правилото да биде правило, исклучокот да остане исклучок (4. дел)

Трудот на д-р Спасов ќе биде објавен и во форма на публикација во електронска и печатена форма што ќе биде достапна бесплатно, по завршувањето на овој серијал.

ЗА АВТОРОТ, Д-Р АЛЕКСАНДАР СПАСОВ

д-р Александар Љ. Спасов

Д-р Александар Спасов е доцент на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предава од 2008 година. Роден е во Скопје, основното образование го завршил во Скопје и Краков, Полска, а средното образование во Скопје. Дипломира на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година. Магистрира на правни науки во областа на теоријата на правото во 2010 година, а докторира на правни науки во 2015 година на истиот факултет.

Од 2007 година бил програмски менаџер и координатор на политичкото образование во Прогрес-Институт за социјална демократија. Бил надворешен соработник за јавни политики во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија (2017-2019) и експерт за квалитет во високото образование при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (2017-2019). Од 2019 година е надворешен советник за надворешна и внатрешна политика на Претседателот на Република Северна Македонија.

Д-р Александар Љ. Спасов бил стипендист и практикант на Германскиот Бундестаг во 2006 година. Остварил повеќе истражувачки престои, меѓу кои на Институтот за компаративно јавно право и меѓународно право „Макс Планк“ во Хајделберг во 2013 година, каде што, во рамките на своите докторски студии, истражувал во сферата на концептите на државниот суверенитет во современиот меѓународен поредок. Од 2012 до 2018 година бил ко-уредник на научното и стручно списание „Европско право“. Автор е на повеќе монографии и научни и стручни трудови од областа на теоријата на државата и правото, меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ