• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори (3. дел)

June 9, 2020
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
Фото: скриншот од видео на The Guardian

Израелските воздушни напади убија 40 лица во Газа, додека блокадата за помош продолжува

May 15, 2025

Каде е Путин?

May 15, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ: Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул

May 15, 2025

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори (3. дел)

June 9, 2020 17:01
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Д-Р АЛЕКСАНДАР Љ. СПАСОВ

3. Политички и правни последици од предвремените избори

Како што веќе истакнавме, предвремените избори отвораат многу повеќе правни и политички дилеми отколку што се решение за високата конфликтност и честите политички кризи во македонската политика. За потребите на оваа анализа, накратко, се сумираат главните негативни политички и правни последици.

Целта на уставотворецот, во делот за конституирањето и функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија како претставничко тело на граѓаните и носител на законодавната власт (чл. 61 од УРСМ) кое се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање (чл. 62 од УРСМ)  е да има мандат од четири години, како што е наведено во чл. 63 од Уставот. Мандатот од четири години треба да биде правило бидејќи целта е да се направи баланс помеѓу континуитетот во функционирањето на институцијата и потребата за повремени избори со што би се дало можност за промена на власта, како основна карактеристика на демократските политички системи. Уставотворецот сметал, а тоа го потврдува и компаративното искуство во најголемиот број на демократски поредоци во светот (вообичаено, парламентарните избори се одржуваат секои четири или пет години) дека во тој временски период најдобро може да се обезбеди остварувањето на наведената цел. Во таа смисла, практичното дерогирање на нормата за мандат од четири години преку постојано закажување на вонредни избори во последните дванаесет години е дерогирање на основната цел на уставот: стабилност на поредокот преку обезбедување на континуитет за определен период и базична предвидливост на политичките процеси, а особено на изборите како почеток на секој демократски поредок.

Следна негативна последица од честите предвремени избори е ефективното спречување на реализацијата на изборните програми кои ја добиле мнозинската поддршка од гласачите на изборите. Имено, при создавањето на своите изборни програми во кои политичките партии или независните листи ја претставуваат својата изборна понуда за гласачите, тие се раководат од претпоставката дека ќе имаат четири години мандат за реализацијата на програмите и, таму каде што има, на тој начин ги калкулираат роковите за реализацијата на понудените политики. Скратениот мандат како ефективно правило, а не како исклучок, е директна пречка за остварување на изборната програма зад која што застанале мнозинството од гласачите на изборите. Долгорочно, ваквиот тренд може да ги дискредитира изборните програми како основни политички документи на партиите кај гласачите и со тоа да го минира значењето на дебатата за политика како суштина на демократскиот политички натпревар.

Конечно, одлуката за распуштање на Собранието во нашиот поредок доведува и до прекин на работата на Собранието за определен период. Тој период може да трае до 60 дена до одржување на изборите (чл. 63 од УРСМ), но и дополнителни најмногу до 20 дена по одржувањето на изборите до конститутивната седница на новоизбраното Собрание (чл. 63 од УРСМ).

Имајќи предвид дека Владата се јавува како најчест предлагач на законите, овој „мораториум“ во работата на Собранието може да продолжи и до изборот на новата влада. Кога ќе се соберат максималните рокови тој период од распуштањето до ефективното започнување со работа може да трае и до четири месеци. Иако, Уставот предвидува дека „Собранието е во постојано заседание“ (чл. 66 од УРСМ), а таа одредба е детално уредена во чл. 15 од Изборниот законик која определува дека „мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години“, сепак, „фамозната“ одлука на Уставниот суд од 2016 година определува дека после одлуката за распуштање, Собранието не може да биде свикано и да одлучува бидејќи пратениците со одлуката за распуштање го губат мандатот.

Имено, Уставниот суд во својата Одлука од 25.5.2016 година за поништување на одлуката за распуштање на Собранието од 18.1.2016 година[1], во делот на образложението кон одлуката констатира дека „со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“.

Одлуките на Уставниот суд се, практично, извор на правото бидејќи нивното правно дејство е општозадолжително, а со тоа нивното толкување на уставните норми станува „правило“ за читање на Уставот. Иако, за авторот на оваа анализа, ваквото толкување на Уставниот суд е спорно поради најмалку две причини (континуитетот во работата на државните органи односно постојаното заседание и нормата во Изборниот законик којашто, сеуште, е во сила), сепак, несомнена е правната обврска да се применува одлуката на Судот, независно од различните лични ставови и толкувања.

И повеќемесечното неработење на Собранието ќе беше состојба на којашто сме навикнати имајќи го во предвид минатото „богато“ искуство со предвремените избори, да не се случеше кризата со епидемијата на вирусот КОВИД-19 во услови на распуштено Собрание и подготовка на изборите закажани за 12 април. Обемот и силината на кризата наметнаа утврдување на постоење на вонредна состојба. Во услови на распуштено Собрание и упатувањето на постоење на правна пречка истото да се состане од страна на претседателот на Собранието, Претседателот на Републиката беше единствената надлежна институција да ја донесе одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба (чл. 125 од УРСМ) и да донесе, во времето на пишување на овој текст, уште две такви одлуки врз основа на предлозите на Владата, како еден од овластените предлагачи.

Во услови на нефункционален парламент, Владата, како последица на утврдената вонредна состојба, доби овластување да носи уредби со законска сила (чл.126 од УРСМ), но тоа само го намали, а не и реши проблемот настанат со неможноста за одлучување на Собранието. Актуелните интензивни правни и политички спорови околу продолжувањето на изборните дејствија (коишто треба да бидат предмет на засебна анализа), само уште појасно покажаа колку предвремените избори и, во наш контекст, нефункционирањето на Собранието, се проблем за нормалното функционирање на нашиот демократски политички поредок.

[1] Уставен суд на РСМ, Одлука У.бр.104/2016, http://ustavensud.mk/?p=11513 .

(ПРОДОЛЖУВА)


Ставовите изнесени во овој текст се лични ставови на авторот. Тие, на ниту еден начин, не ги одразуваат ставовите или официјалните позиции на институциите или поединците со кои авторот има професионална соработка.


Претходно објавени делови:
1. Исклучокот станува правило
2. Зошто „моравме“ да имаме предвремени избори од 2008 година до денес?

Најава – последниот, четврти дел носи наслов:
Правилото да биде правило, исклучокот да остане исклучок (4. дел)

Трудот на д-р Спасов ќе биде објавен и во форма на публикација во електронска и печатена форма што ќе биде достапна бесплатно, по завршувањето на овој серијал.

ЗА АВТОРОТ, Д-Р АЛЕКСАНДАР СПАСОВ

д-р Александар Љ. Спасов

Д-р Александар Спасов е доцент на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предава од 2008 година. Роден е во Скопје, основното образование го завршил во Скопје и Краков, Полска, а средното образование во Скопје. Дипломира на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година. Магистрира на правни науки во областа на теоријата на правото во 2010 година, а докторира на правни науки во 2015 година на истиот факултет.

Од 2007 година бил програмски менаџер и координатор на политичкото образование во Прогрес-Институт за социјална демократија. Бил надворешен соработник за јавни политики во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија (2017-2019) и експерт за квалитет во високото образование при Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (2017-2019). Од 2019 година е надворешен советник за надворешна и внатрешна политика на Претседателот на Република Северна Македонија.

Д-р Александар Љ. Спасов бил стипендист и практикант на Германскиот Бундестаг во 2006 година. Остварил повеќе истражувачки престои, меѓу кои на Институтот за компаративно јавно право и меѓународно право „Макс Планк“ во Хајделберг во 2013 година, каде што, во рамките на своите докторски студии, истражувал во сферата на концептите на државниот суверенитет во современиот меѓународен поредок. Од 2012 до 2018 година бил ко-уредник на научното и стручно списание „Европско право“. Автор е на повеќе монографии и научни и стручни трудови од областа на теоријата на државата и правото, меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ