• Latest

Преглед на настани: Дебата на ЦИВИЛ, ден по одложувањето на пописот, Алијанса за Албанците и Алтернатива против одложување…

March 30, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Дебата на ЦИВИЛ, ден по одложувањето на пописот, Алијанса за Албанците и Алтернатива против одложување…

March 30, 2021 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Извонредна дебата на ЦИВИЛ ден по одложување на пописот

По дебатите во Штип, Гостивар и Гевгелија, ЦИВИЛ се враќа во Скопје, еден ден по договорот да се одложи пописот. Пописот како статистичка операција неопходна за градење на развојни политики, наспроти политичкото профитерство на сметка на општеството, е главната порака што произлегува од сите дебати организирани до сега, а таква беше и денешната.

Ден по договорот меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пописот да се одложи за септември, а во очекување на потврда на овој договор во законодавниот дом на Северна Македонија, ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“, на која учествуваа професорката Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Славјанка Петровска, пратеничка во Собранието и член на СДСМ и Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал“. Панелот ќе го модерираше Џабир Дерала, ЦИВИЛ. За жал, на бројните покани за учество не одговори ВМРО-ДПМНЕ, иако ЦИВИЛ секогаш поканува претставници на опозицијата.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ, се осврна на пописот дека сепак е статистичка операција.

„Пописот е дефиниран и се нарекува статистичка операција,  кој за жал во Република Северна Македонија на некои субјекти не им изгледаше така. Во последно време бевме сведоци на големи кампањи. Дел од опозициските партии најмногу ВМРО-ДПМНЕ сакаа да го постават како политичка цел.

Точно е дека законот беше донесен по скратена постапка и со европско знаме. Амандманите кои беа поднесени од опозицијата беа дискутирани во кабинетот за европските прашања.

Мислам дека опозицијата треба да размисли каква политика водат. Ме радува средбата вчера, не заради одложувањето, туку затоа што лидерите седнаа и договорија дека треба да има конструктивност.

Кога имате прашања како попис, не може да дебатирате од политичка страна. Пописот не може да чека, чекавме 20 години. Јас како граѓанин жалам што се фрли сенка на Државниот завод за статистика, кои навистина работат и си ја сакаат својата работа. Во таа политичка битка опозицијата ја засени таа нивна работа. Но на крајот на денот, се седна и се дебатираше за таа тема.

Комисијата за заразни болести изготви протокол како попишувачите ќе го изведат пописот. За пописот да им веруваме на Државниот завод за статистика, а за пандемијата да им веруваме на Комисијата за  заразни болести.

Со цел да се одблокира состојбата во Собранието, која на никој не му оди во прилог, се договорија да се одложи пописот.

Податоците од дијаспората ќе продолжат да се ажурираат и ќе продолжи до 30 септември. Пописот ќе се одржи од 5 до 30 септември. Пописот сепак ќе биде статистичка операција, во која сите ќе имаме придонес, изјави Петровска.

Професорката Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, на панелот на ЦИВИЛ, „Попис: Статистика, не политика“ праша – зошто е одложен пописот?

„Мене ми е нејасно, зошто е одложен пописот, дали е одложен поради пандемијата бидејки однесувањето на граѓаните не покажува дека постои страв од пандемија. Можеби пописот се одложи поради лошиот Закон и методологија за одржување на попис, но очигледно причината не е Законот за попис, бидејќи веќе се собрани илјадници податоци од дијаспората и би било нелогично сега да се менуваат. Овој момент е проблематичен, бидејќи пописот е статистичка и важна операција, но неспорно е дека оваа операција кај нас е политичка операција. Од чисто статистичка се претвори во чисто политичка операција.

Бројките станаа предмет за добивање на права на одредени етнички заедници по потпишување на Охридскиот рамковен договор.

Навистина не знам како политичките партии ќе ги убедат граѓаните дека пописот е статистичка, а не политичка операција кога двајца политички лидери седнаа на маса и се договорија за одложување на пописот.

Наместо да ги слушнеме бенефитите од пописот, ние слушнавме дека пописот е патриотски чин. Каква врска има патриотизмот со статистичката операција. Моментот кога почна да се повикува на бојкот, веднаш се стави политиката на прво место.

Политика е и тоа што Артан Груби почна да повикува сите Албанци да се попишуваат. Наместо да се влезе во кампања за тоа кои бенефити ќе се добијат од статистичките податоци, политичарите водеа политички кампањи.

Поимите дијаспора и иселеници дојдоа до забуна не можеа да се договорат кој термин да го користат. Апликацијата за самопопишување е со лош англиски јазик дознав од мои блиски луѓе кои живеат во странство.

Не смее Собранието да биде слуга на политичките партии, и треба да ја преземе улогата оваа статистичка операција да не се претвори во политичка.

Треба да целиме да се прави целосно електронски попис со вкрстување на податоците“, вели Најчевска.

Главниот и одговорен уредник на „Капитал“, Љупчо Зиков, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ зборуваше за пописот од економска гледна точка.

„Се радувам што на економијата и се дава можност да се искаже во ваква ситуација.

Во 30 години, во Република Северна Македонија, политичарите како да не се свесни за многу работи. За жал, македонските политичари, не ја сфаќаат смислата за постоење на политичка сцена. Политичката сцена не постои за нивните кариери или нивните животи. Не сфаќаат дека треба да им служат на граѓаните во неколку  области. Анахроно и глупаво е да се зборува дека Македонија располага со бројки од пописот од 2002 година.

Ако тргнеме дека и тој попис во 2002 е направен пост конфликтно, со можеби до крај не точни податоци поради раселеноста во тој период, и прашање е и тој попис колку е валиден и веродостоен. Во целата независност од 30 години, јас кажувам мое лично мислење е дека има мала релеванција во двата пописа. И ако тоа го земеме како логична матрица, правиме многу битен и сериозен попис.

ЦИВИЛ континуирано апелира до политичките структури да не го политизираат пописот, за тој да се спроведе како статистичка операција, бидејќи тоа и е.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Главниот и одговорен уредник на „Капитал“, Љупчо Зиков, на панел-дискусијата на ЦИВИЛ зборуваше за пописот од економска гледна точка.

„Попис во 2021 година никаде во светот не е тема. За мене 3 клучни постулати се важни. Податоците од пописот се база за стратешка економска политика на Владата. Битно е и кај компаниите и физичките лица за деловна политика. И трето, пописот е битен за пописни политики. Пример, сакаат да градат спортска сала. За колку луѓе треба да се направи таа сала? Зошто е битен пописот? Кога една компанија инвестира, колку луѓе се потребни за таа компанија? Знаат ли компаниите колку производи треба да направат за да го задоволат пазарот?

Ние треба да си ги преброиме како и граѓаните така и потрошувачите, бидејќи современиот збор за граѓанин е потрошувач. Затоа пописот е статистичка операција. Третиот аспект се државно-економски и стратешки политики. Пописот мора да се направи. Хипотетички да кажеме дека нема да се одржи годинава пописот. Подоцна тоа треба да го правиме под силен притисок на ЕУ“, истакна Зиков.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НЕЗАДОВОЛСТВО Алијанса за Албанците и Алтернатива се против одложување на пописот, што вчера го договорија премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба во Клубот на пратеници.

ДИПЛОМАТИЈА Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе,  на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава која ќе почне утре.

ИМУНИЗАЦИЈА Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години. Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

ОДЛОЖУВАЊЕ Состанокот на Комисијата за заразни болести е презакажан за утре, изјави за МИА министерот за здравство Венко Филипче. Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок, на кој требаше да биде разгледана состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.

РЕАКЦИЈА Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавено видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски. Од МНР вечерва соопштија дека ќе известат и соодветно ќе реагираат до институциите во Европската унија.

СЛОБОДНА ЗОНА: Орданоски за политичката „канализација“, Дерала за македонскиот политички вигвам, Серафимовска со совет за советниците

Слободна зона на ЦИВИЛ денеска со Сашо Орданоски, Џабир Дерала и Христина Серафимовска

„Кога, пак, ќе се види списокот на договорени работи, на него нема ништо драматично, што не можеше да биде постигнато и без претставата со лидерската средба. Тоа значи дека самата средба е дел од некој друг список во кој се наброени чекорите што треба да се направат за да се одзатне македонската политичка „канализација“, а тоа да не се случи со голема „фонтана“ што ќе нè „наврне“ сите. Бидејќи целата аргументација за точките на постигнатиот договор (добро позната и пред да седнат Заев и Мицкоски на столчињата во Клубот) би можела да се направи за петнаесетина минути, само мувите на чаршавот на масата знаат за што разговарале лидерите во останатите час-два од средбата.

Не е коректно сега да се омаловажува привремениот резултат од направениот договор меѓу Заев и Мицкоски, но склон сум да мислам дека токму делот што се разговарал вон главните поенти на постигнатиот компромис ќе ја одредат трајноста на договореното и од главниот и од „споредниот“ дневен ред на самитот.

Само, да не им прејде во навика, бидејќи луѓето со право ќе помислат дека ако за решавање на „национални“ проблеми може да се „прерипне“ целиот парламентарен систем и да се замени со самити на двајца лидери, тогаш е можеби полесно да се заменат лидерите, за да не доаѓа до „национални“ проблеми?!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Канализацијата“ е привремено одзатната, тоалетот е во употреба!

„Договор падна на белиот чаршав во угостителскиот објект на пратениците, пописот ќе се одложи, собранието ќе се откочи, ќе се изгласаат мерките за помош, ќе се разговара за изборни измени што ги предлагаа невладините (а никој не ги спомна), сè што треба ќе направи Мицкоски, а тоа што не треба, ќе го задржи во својата „патриотска“ глава, намачкана со скапиот гел.

Добро е што се договорија, се разбира. Но остануваат отворени повеќе прашања, како и, впрочем, после секоја средба на Чифтаните (Chieftain) во вигвамот на македонската политика.

Сега, со право, некои од нас ќе прашаат што ќе ни се Парламент, закони, Устав, кога само двајца можат во тет-а-тет муабет да ги решат сите проблеми на светот или барем оние на Северна Македонија. Добро прашање за дебата која никој посебно сериозно нема да ја започне, за жал.

Исто толку добро прашање е што навистина се договорија Заев и Мицкоски, бидејќи тоа што кажаа дека се договориле можеше, а и мораше да се договори во институциите, а не на белиот чаршаф во пратеничкиот клуб. Да се надеваме дека и тоа ќе е на арно. Иако, пропагандната машинерија на деструктивците во македонската политика се разбаботи истата секунда кога заврши самитот на ѕвездите на македонското политичко небо, поточно, плафонот на вигвамот“, пишува Џабир Дерала во својот рафал „Во македонскиот политички вигвам“.

„Главниот проблем овде е содржан во формулацијата „одлучува/одлучува по свое уверување“. Или ако сакаме да бидеме попрецизни, советниците одлучуваат, но по чие уверување е прашање. Веројатно ова не предизвикува некое изненадување и вознемирување кај читателите, бидејќи е општо позната вистина која досега не се променила веројатно затоа што била „прифатлива“ за најголем дел од учесниците во процесот и граѓанската публика. Одлучувањето како такво, ако се земат предвид трите опциите што им стојат на располагање на советниците до извесен степен може да биде и разбирливо. Воопшто не е чудно повеќето да се препознаат во една од тие опции, но проблемите се појавуваат кога најчесто (ако не и секогаш) процесот на гласање се сведува на шаблонизирано изјаснување, кое своите корени ги држи длабоко во партиските табори без притоа да се земат предвид аргументите. Или како што таткото на познатото дело „Јавно мислење”, големиот Волтер Липман умееше прецизно да посочи „Кога сите мислат исто, значи никој не мисли доволно“. Токму ова е најзагадочниот момент, бидејќи игнорирањето на аргументите доведува до гушење на дебатата. А зошто постојат советите ако не за дебата?“, пишува Христина Серафимовска во колумната „Неколку совети околу советите и советниците“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ