• Latest

Преглед на настани: Еврокомесарот Вархеји во Скопје по Извештајот на ЕК, протести во неколку градови…

October 7, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Еврокомесарот Вархеји во Скопје по Извештајот на ЕК, протести во неколку градови…

October 7, 2020 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пендаровски-Вархеји: Извештајот на ЕК дава детален приказ на состојбите во државата и степенот на реализација на реформите

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. Комесарот Вархеји на претседателот Пендаровски му го предаде Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година.

На средбата беа разменети мислења за клучните наоди во објавениот извештај.

Заблагодарувајќи се за ангажманот на комесарот Вархеји и неговата цврста поддршка на перспективата за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, претседателот Пендаровски истакна дека Извештајот дава детален приказ на состојбите во државата и степенот на реализација на реформите. Според претседателот Пендаровски, извештајот на комисијата дава поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери посочени во документот и претставува чекор кон формален почеток на пристапните преговори за членство за време на германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.

Претседателот Пендаровски го поздрави претставениот Економски и инвестициски план за Западниот Балкан, што има за цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, што е дополнително отежнато поради пандемијата од КОВИД-19, а во функција на забрзување на интеграцијата во Европската Унија. Со претставениот план, според претседателот Пендаровски, се потврдува дека иднината на целиот регион е во Европската Унија, а Брисел јасно демонстрира дека регионот е нејзин геостратешки приоритет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Посетата на Скопје на еврокомесарот Оливер Верхеји доаѓа веднаш по вчершното објавување на два извештаи на Европската комисија, едниот како оценка на Северна Македонија, а другиот економскиот инвестициски план за развој на земјите од Западен Балкан. На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Вархеји истакна дека економскиот план е регионален и дека треба да им помогне на земјите подеднакво, како и прашањето на ромската заедница и нивниот потенцијал за придонес во економијата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во пресрет на утрешниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Косово, ЦИВИЛ упатува апел до сите навивачки групи да се воздржат од ширење на говор на омраза или насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Зелен ЦИВИЛ  во Велес и Кавaдарци разговараше со граѓанките и граѓаните на тема социјална правда, но и за антинационализмот.

ФЛЕШ ВЕСТИ
Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот на Европската комисија ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности, порача денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој е во посета на Северна Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово на 8-ми октомври (утре) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Попладнево пред Владата на Република Северна Македонија започна протестот на музичарите, сопствениците на ноќните клубови и угостителите од рестораните за семејни прослави против рестриктивните мерки на кои ги донесе Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а се однесуваат на угостителските објекти.
Средношколците од Тетово и Куманово протестираа за враќање на училишните клупи.
Здружението на граѓани Театарска Работилница Прилеп оваа година на 10 Октомври по 10 пат ќе ја реализира литературната манифестација „Поетски Слем Македонија 2020“, која редовно се одржуваше во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, а овој пат на Летната сцена при НУЦК Марко Цепенков.
СЛОБОДНА ЗОНА
Сашо Орданоски во колумната „Изгубени во преводот“ пишува: „Зошто нашата опозиција се срами, или можеби не сака, да ги поздрави меѓународните успеси на Македонија? Што им пречи, покрај десетте жестоки, невротични плукања дневно по власта – дури и да не се, барем половината, лиферување лажни вести и измислици – да се обратат со охрабрување до нацијата, нешто да честитаат кога е, објективно, за поздравување? Та, нели сечат вени кога секаква шуша (меѓу другите) од Бугарија ни го негира националното постоење, особено јазикот? Зошто што рекол некој од Пловдив или од Велико Трново, на пример, им е поважно од тоа што го направила најголемата меѓународна организација во Европа од официјалната говорница во Брисел“?!
„Од забелешките и препораките содржани во годишните извештаи на ЕК, од ОБСЕ за изборите и од резолуциите на Парламентарното Собрание на СЕ, искуството од минатото покажува дека државата и граѓаните на Македонија немаат голема корист.
Власта нив само еден или два дена ги чита и ги истакнува само позитивните оценки, а ги премолчува негативните. Понатаму се тече по старо“, поентира Џевдет Хајредини.
Д. Муратов

 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ