• Latest

Преглед на настани: Исчезна Мијалков, МВР распиша потерница, ОЈО се сомнева дека некој му помогнал да избега

February 22, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Исчезна Мијалков, МВР распиша потерница, ОЈО се сомнева дека некој му помогнал да избега

February 22, 2021 17:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: МВР распиша национална, ќе бара и меѓународна потерница за Мијалков

Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница – гласи официјалниот одговор на МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од судот да издаде наредба за распишување на национална потерница, а ако и понатаму не биде пронајден, за Мијалков ќе се распише и меѓународна потерница.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, за што Обвинителството бара максимална казна. Пресудата треба да биде изречена на 26 февруари.

ОЈО: Постојат основи на сомнение дека некој му помогнал на Мијалков во бегството

„Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија“, велат од ОЈО.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Јас сум разочаран исто како и нашиот народ. Очекувам лоцирање и пронаоѓање, и да биде спроведено решението за домашен притвор и ако биде осуден, да си ја одлежи казната. И согласно од тоа очекувам одговорност. Дали бил МВР, премиер или било кој… одговорност очекувам. Од кого и да е. Прва поента да се најде, и доколку биде осуден да си отслужи казната, очекувам целосно одговори на тоа што се случува, и трето очекувам цела истрага“, изјави премиерот Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Пописот на население и домаќинства наместо да е статистичка операција таа се политизира и се злоупотребува за политички цели и влошување на меѓуетничките односи. Во ова издание на политичкиот видео магазин – СКЕН се поместени најважните настани и ставови поврзани со темата: Попис 2021, односно вистинската потреба и начинот на спроведување на пописот, наспроти манипулациите и политичките злоупотреби.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЛДП донеле одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните, информираат од СДСМ.

Продолжува кампањата на МОН „Учи паметно, работи стручно“, денеска со промоција на регионална средба во Берово. Министерката за образование Мила Царовска истакна дека околу 85 отсто од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава.

Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека бегството на Сашо Мијалков ги дискредитира напорите за справување со криминалот и високата корупција.

Директорот на Општата болница Охрид, денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал спротивно од предвидениот план за вакцинација против ковид-19, во модуларната болница на КИБФС во Скопје, информира Министерството за здравство.

Со цел зачувување и унапредување на мајчиниот јазик, како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби организираше тркалезна маса.

Сегашниот член 102 и од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува целосно владино рекламирање во медиумите. Оваа измена на законот ја направи Владата на СДСМ веднаш по доаѓањето на власт затоа што претходното искуство покажа дека ВМРО ДПМНЕ ги користела народните пари за владино, поточно партиско рекламирање, а со тоа ги корумпираше медиумите, односно ја купуваше нивната доверба и наклонетост.

СЛОБОДНА ЗОНА

Професорката Мирјана Најчевска во колумната „Пукање со ќорци“ пишува: „Јас би сакала да укажам на еден позитивен аспект од барањето за внесување на етничката припадност во личните карти, а кој мислам дека се превидува во целата расправа.

Според мене, тоа што овој предлог се појави баш сега и тоа што најголем број од политичките партии во Македонија го поддржуваат значи дека нешто се променило на политичката сцена на државата. И тоа не кај партиите, туку на страната на граѓаните.

Ако се има предвид дека најголем број од политичките партии во Македонија се етнички чисти (минорните исклучоци на двајца-тројца членови од различен етницитет од доминантниот во одделни партии не ја менуваат фактичката состојба), најголема загроза за нивното постоење и основниот модус на борбата за власт, а потоа и поделба на власта по нејзиното освојување, претставува етницитетот. Било кој облик на излегување надвор од етничкиот модус на делување ги води партиите во невозможната ситуација да ги адресираат вистинските интереси и потреби на граѓаните“.

Џабир Дерала во колумната „Еден голем и бесмислен распуст“ пишува: „Нема ништо јуначко во тоа да се биде вулгарен и глупав. Нема ништо чесно во тоа истовремено да се биде вработен во државна или локална администрација, во полиција или во армија, а да се користи јавната сопственост, во работно време, за да се истураат лавини гнасни навреди, дезинформации и закани против некого. Тоа е злоупотреба, рамно на кражба на јавни пари. Го гледа ли тоа некој или живееме во паралелни светови, а само даноците ги плаќаме на исто место?

Срамота и гревота“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ