• Latest

Преглед на настани: Избран новиот состав на ДИК, „Ивермектин“ од денеска е достапен во аптеките

January 12, 2021

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Избран новиот состав на ДИК, „Ивермектин“ од денеска е достапен во аптеките

January 12, 2021 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија

Собранието на денешната 31. седница со 95 гласа „за“ и без ниту еден против и воздржан ја донесе одлуката за избор на претседател и членовите на Државната изборна комисија согласно Предлог одлуката која претходно денеска на седница ја донесе собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

За претседател на ДИК е избран Александар Даштевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Даштевски е поранешен член на ДИК (2012 – 2016), а на функцијата доаѓа на местото на Оливер Дерковски. Последна негова фунцкија беше претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

За потпретседател на ДИК е избрана Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е на таа функција. За членови се избрани Борис Кондарко и Радица Ристеска, актуелни членови на ДИК, како и Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда тројцата поддржани од СДСМ. Втор член на ДИК со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ е избран Бобан Стојаноски, правник во Собранието, а на предлог на Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива избран е Кренар Лога, правник од Струга.

Пред изборот на старо-новиот состав на ДИК кој беше изгласан едногласно на пленарната седница  и со двотретинско мнозинство за дебата се јави единствено пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса. Тој во обраќањето истакна дека според резултатите од изборите во 2020 година нема ништо спорно и веќе го потпишале предлог составот на ДИК и при тоа се заложи за промена на моделот за избор на составот на Државната изборна комисија согласно препораките на ОБСЕ е нејзина професионализација.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Државната изборна комисија не може да ја води човек од првите редови на режимот на Груевски

ЦИВИЛ ја алармира јавноста и го потсетува Собранието на Република Северна Македонија дека имаат обврска да носат одлуки со кои се штитат интересите на граѓанките и граѓаните.

Денешната собраниска седница за утврдување на новиот состав на Државната изборна комисија што треба да добие двотретинско мнозинство, на листата за претседател на оваа исклучително важна институција го има предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски.

Познато е дека Даштевски е поранешен претседател на Комисијата за заштита од дискриминацијата. За време на неговото раководење со оваа институција, Комисијата беше мртва, со исклучок на случаите кога требаше да се одбранат дискриминаторските и криминалните постапки на режимот на Груевски. Даштевски е човек од првите редови на режимот на Груевски.

СКЕН: Национализмот, таа темна дамка (втор дел)

Говорот на омраза не е слобода на изразување

Слободата на говорот е глобално прифатен принцип што ја поддржува слободата на поединецот или заедницата да ги артикулира своите мислења и идеи без страв од одмазда, цензура или законска санкција. Терминот „слобода на изразување“ понекогаш се користи синонимно, но вклучува какво било дело на барање, примање и пренесување информации или идеи, без оглед на употребениот медиум.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Бирото за развој на образование и професори од сите нивоа на образование од областа на уметностите: основно, средно и високо, денес учествуваа на онлајн дебата којашто е дел од јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование.

Во изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 403 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките, информира Министерството за здравство. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Сега е веќе јасно, после неколку недели удолнина во статистиките, дека ситуацијата со ковид-19 во Македонија е со охрабрувачки, надолни трендови: сè помалку заразени и починати, сè повеќе оздравени. Лошите бројки на новозаразени и починати се речиси преполовени од статистиките од пред неколку недели, процентите на оние кои покажале позитивен тест во однос на вкупното дневно тестирање за вирусот исто така е во маркантен пад во последните недели, како и бројот на активни случаи. Тоа го следи и бројот на зафатени легла во болниците, со што притисокот врз здравствениот систем значително е попуштен. Со под 40-тина болни кои моментно се лекуваат во болниците на 100.000 жители, Македонија спаѓа во подобрата половина од европските споредбени табели на ковид-зафатеност на болничките капацитети…“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Короната во Македонија попушта – треба ли да се опуштиме?“.

„Годината што измина,  ќе ја паметиме по пандемијата што сериозно го предизвика досегашниот начин на функционирање на човештвото. Но, ќе ја паметиме секако и по екслозијата на лажни вести и дезинформации, кои се главни алатки за дестабилизација на демократските општества преку ширење на омраза, поттикнување на насилство, недоверба кон институциите, граѓанскиот сектор, медиумите, како и влевање на страв, несигурност и поттикнување гнев и нерационално однесување кај граѓаните во многу земји во светот“, пишува Петрит Сарачини во „2020, година на лажни вести: Трамп светски „шампион“, кои беа нашите „шампиони“?“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ