• Latest

Преглед на настани: Изгласани законски документи за „ГА-МА“, ДИК, пописот… ЕУ обезбеди 70 милиони евра за вакцини за Западен Балкан…

December 28, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Изгласани законски документи за „ГА-МА“, ДИК, пописот… ЕУ обезбеди 70 милиони евра за вакцини за Западен Балкан…

December 28, 2020 17:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК

Собранието денеска попладне ги одржа 29-та седница, како и продолженијата на 19-та и 20-та седница, на кои беа изгласани Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“, Законот за инвалидски организации, како и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, беше повлечен.

Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.

Собранието на 29-та седница со 85 гласа „за“, без ниту еден глас против и воздржани ја увсои и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Правиме напори предлогот на опозицијата за пописот да биде прифатен

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на Законот за попис да бидат прифатени, посочувајќи дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една година и половина.

– Цела оваа година и половина од кога разговараме за пописот, опозицијата е вклучена. Имаше работни групи, и од власта и од опозицијата, директорот на Државниот завод за статистика одржа неколку состаноци, рече Заев, кој денеска во Тетово присуствуваше на отворање на новите простории на Државниот пазарен инспекторат.

Тој појасни дека има три категории попишување – едниот дел се вкупно граѓаните, вториот дел се граѓани резиденти односно сите граѓани што живеат во земјата и третата група се граѓани кои се иселени на подолг период од една година. Тоа, според него, ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично.

– Опозицијата даде нов предлог да користиме отпечаток од прст. Јас не знам како ќе го користат отпечатокот граѓаните што се иселени по една година. Правиме напори. Министерот за правда веднаш стапи во контакт со донатори да видиме дали може да обезбедиме донации, имаме амбасади кои располагаат со преку 20 милиони евра поддршка за изборите во државата, па замолуваме да одвојат пет милиони евра, па да купиме пет илјади отпечатоци кои ги користиме за изборите ама еве ќе помогнат и за пописот, изјави Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Кондев: Книгата „Протест(и)“ е издадена за да не се заборави автентичноста на протестите

Анкета: Да заврши короната и да влеземе во ЕУ во 2021 година

СКЕН – Перспективите на младите

Брегу: Внатрешните политики на Албанија се пречка за членство на земјата во ЕУ

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Еднократната финансиска помош од 6.000 денари, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, е исплатена на над 90 отсто од корисниците. За останатите да може да се исплати финансиската поддршка потребно е да се направат законски измени со нови подолги рокови.

Германија тврдеше дека проширувањето на ЕУ, а особено официјалниот старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, се важен приоритет за нејзиното претседавање со ЕУ, но сепак доби непријатно изненадување од Бугарија, која стави вето на пристапните разговори со Скопје, поради спорот околу јазикот, историјата и наследството, наведува „Брисел Тајмс“.

Основците и средношколците од четврток, 31 декември, ќе бидат на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари, а на 21 јануари ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 година.

Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. МВР почнува со проектот за бесплатна телефонска линија и тоа неспоредно пред новогодишните празници, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Владата на Северна Македонија го поздрави денешното усвојување на пакетот од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за финансирање на пристапот на земјите од Западниот Балкан со вакцини против КОВИД-19, набавени од земји членки на ЕУ од страна на Европската комисија.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Можно ли е власта со денови само да смислува операции за исчезнување на Македонија, а – благодарејќи на решителноста и храброста на патриотската опозиција – ништо до сега да не ѝ вроди со плод? Толку неспособна власт Македонија немала од 1945 година наваму! И, обратно, толку успешна опозиција Македонија немала од 1903 година наваму!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Во Бункерот на опозицијата“.

„Буџетот на една држава е точка каде се судираат планирањето, извршувањето и намерите на една влада.  Она што таа ќе го одреди како приоритет е показател како треба да ја оценуваат граѓаните. Како на огледало можат да видат колку таа води сметка за нив, за државата како субјект и одржливоста на заедницата во иднина – Пол Кругман,  професор и Нобеловец. Кон крајот на секоја година се сведуваат сметките за неа. Се претставуваат плановите за идната. Најважен документ што органите на една држава го донесуваат е буџетот – план за приходите и расходите во државната каса“, пишува Војо Маневски во колумната „Бркни си, земи си, а ставање?“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ