• Latest

Преглед на настани: Изгласано решението за влез на вакцини, сексуално образование во второ одделение е лажна вест, матурантите продолжуваат со бојкот…

February 1, 2021
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Изгласано решението за влез на вакцини, сексуално образование во второ одделение е лажна вест, матурантите продолжуваат со бојкот…

February 1, 2021 17:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Пратениците го изгласаа законското решение со што се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

Со 70  гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија,  подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Изјава на денот– Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации

-Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе коишто во континуитет во нашата држава шират лажни вести. Токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Владата и на Министерството, и да донесуваат одлуки. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во источниот регион ќе се населат 120 000 мигранти, се сеќавате како пропадна таа лажна вест, па после тоа имаше нешто со 5Џи врапчињата итн, па следната лажна вест беше дека се укинува историја, па следната лажна вест беше дека се укинува македонски јазик. Истите тие луѓе денес зборуваат дека ќе имаме сексуално образование во второ одделение, користејќи снимки, слики од сосема други држави, коишто се во регионот и пред неколку години направиле такво воведување, а во нашата држава тоа не е вистина, рече Царовска која денеска беше во Штип на дебата за реформи во средното стручно образование.

ФЛЕШ ВЕСТИ

93 граѓански организации изразија поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование.

Марк Цукерберг на својот Фејсбук профил ги сподели заклучоците и квартални резултати на Фејсбук. Цукерберг истакнува дека во фокусот за оваа година ќе бидат четири големи теми заедници, приватни пораки, трговски алатки за мали бизниси и градeње на следната компјутерска платформа.

Матурантите и оваа недела нема да се вклучат на наставата. Тие уште стојат на ставот дека се потребни измени во полагањето на државната матура, поточно да се полага со скратена наставна програма. Од ресорното Министерство пак се децидни – бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите.

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе воспостават поинтензивна соработка за поврзување на знаењето, науката и иновациите. Тоа денеска го договорија проректорот на УКЛО Марјан Ѓуровски и директорот на ФИТР, Коста Петров.

Новоизбраниот Народен правобранител Насер Зибери денеска даде  свечена изјава во Собранието. „Сметам  дека мојот досегашен ангажман е доволна гаранција за успешно извршување, согласно закон и уставот на оваа многу важна функција за граѓаните на државата“, изјави Зибери.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Дали е можно? Добро ли читаме? Оваа кандидатка за фотелја во македонскиот законодавен дом, според наведеното, го оправдува сексуалното насилство, силувањето – директно и отворено! Навистина, дали е можно? Дали погрешиме ако заклучиме дека овој партиски „крем“ го одразува ставот на партијата? Дали партијата ќе излезе со официјален став по ова прашање во парламентот? Се разбира, откако ќе се задоволат сите финансиски апетити на нивниот шеф за кого некои автори го креираа и хаштагот #ЛеваРукаДесниЏеб?“, Блиц коментар на Џабир Дерала – Освен стрелањето, Левица го оправдува и сексуалното насилство?

„Аџамиите што во крајот на осумдесеттите мислеа дека го менуваат светот, некритички прифаќаа сѐ што доаѓаше од шарениот свет на западните држави. Па оној што имаше два пара чевли (едни за работа и едни за пред свет) сосема нормално прифати да има десет пара, натрупани по плакарите, а носи еден, два пара зашто во тие разгазените најдобро се чувствува“, пишува Војо Маневски во колумната Аџамија.

„Секоја недела гнасотии колку сакате. Цела машинерија финансирана од Будимпешта исклучиво наменета за компромитации и дискредитации, најчесто со бесмислици што можат релативно лесно да се проверат и едноставно да се демантираат. Ако ви се демантира – државните институции ја имаат таа обврска, а и капацитет.“, пишува Сашо Орданоски во колумната  „Гнасите маршираат, во погрешен правец“.

„Периодот на четиригодишното владеење на Трамп уште долго ќе биде под опсервација на политичките аналитичари, безбедносните служби и психолозите, затоа што феноменот на Трамп нема јасна идеолошка матрица, но според случувањата во Капитол има јасни теркови и „спонзори“ според кои се движело неговото владеење.“, пишува Александар Н. Писарев во вториот дел од анализата (ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (2)

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ