• Latest

Пратениците го изгласаа законското решение со што се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

February 1, 2021

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците го изгласаа законското решение со што се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

February 1, 2021 15:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 70  гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија,  подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Опозициските пратеници истакнаа дека според нив многу е несериозно тоа што го направила Владата бидејќи прво што требало да се направи е дека таа требала да ги поднесе овие измени многу порано со што ќе се овозможеше влез на овие вакцини во зејата, а не тоа да го направи група на пратеници. Граѓаните од регионот веќе се вакцинираат, почнувајќи од Србија која е на второ место во Европа со 430.000 вакцинирани, нагласија тие. Опозициските пратеници за оваа состојба ги обвинуваат министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, кои вакцините го најавиле за многу претходно, а кај нас ги нема.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски обвини за доцнењето на вакцините и дека власта после четири години за одредени состојби не треба да ја обвинуваат опозицијата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев за доцнењето на вакцините потенцирајќи дека нивните најави за вакцини од соседните земји се покажале како невистините и дека нивните постапки им штетат на граѓаните и на стопанството.  –Не може министер за здравство да не знае како се увезуваат вакцини, освен ако провизиите не му се побитни, рече Милошоски.

Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ потенцира дека Србија почнала порано со вакцинација за Ковид-19 бидејќи кај нив е седиштето на Фајзер за регионот, како и дека во времето од 2012 година до 2016 година од земјава биле повелечени претствништва на неколку фармацевтски компании поради нелојална конкуреција.  Коциќ потенцираше дека опозоцијата не ја познава работата на Комисијата за заразни болести, а потсети и дека опозицијата не присуствувала на седницата кога се расправало за овој предлог.

Арбен Зибери од ДУИ повика да не се прави политика од овој закон и вакцината и што поскоро да се донесе законот. Ковид кризата не е само проблем на нашата земја туку е светски проблем. Потенцира дека во Северна Македонија компанијата за која се зборува нема свој претставник.

Собраниската 30. седница продолжи по едночасовната пауза по 15 часот. /МИА/

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ