• Latest
Илустрација: Зоран Кардула

Преглед на настани: Измените во Деловникот за работа на Собранието ќе се разгледуваат по скратена постапка, ЦИВИЛ со видео пораки за „Обединети во различноста“

November 26, 2020
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Измените во Деловникот за работа на Собранието ќе се разгледуваат по скратена постапка, ЦИВИЛ со видео пораки за „Обединети во различноста“

November 26, 2020 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Илустрација: Зоран Кардула

Илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Измените во Деловникот за работа на Собранието ќе се разгледуваат по скратена постапка, за ВМРО-ДПМНЕ не е време за седници, туку за протести…

Пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн.

Предлогот, со кој се предвидува пратеници со позитивен тест за Ковид-19 и со решение за изолација да можат да се изјаснуваат на пленарни седници и на седници на собраниските комисии, го поднесе претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шкриељ: Различностите се богатството на едно општество

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Актерката Несрин Таир во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци. Таа во своето обраќање, го цитира нашироко познатиот турски уметник, Зулфи Ливанели, инспириран од една мисла на Достојевски, вели дека убавината ќе го спаси светот…

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше среба со директорите на ковид – центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на која се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти.

Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието.

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција изјави дека околу третина од обврските на министерството за оваа година се пренесуваат за следната, поради ребалансот во месец мај оваа година, кога буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба, кои претходно биле одбиени.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Дневната мерка во политиката – како и во новинарството или глумата, впрочем – е да вредиш толку, колку што ти вреди твојот последен јавен настап. На подолги патеки, идните генерации, од комоцијата на историската дистанца, подобро ќе го ценат твојот севкупен „визионерски“ придонес.Тоа, нормално, е ризична стратегија, доколку сте заинтересиран само за сопствениот дневно-политички опстанок“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе го преживее ли Заев своето последно интервју?“

„Правото да се бира и да се биде  биран, е едно од основните цивилизациски достигнувања на  модерниот свет. Илјадници години требало да поминат па да се спојат овие две права во едно. Да имаат можност да ги избираат своите властодршци граѓаните на разните држави, со војни и преврати ја освојувале. И така освоената слобода се до средината на дваесеттиот век не била достапна на секој. Не сите граѓани можеле да избираат или да бидат избрани за претставници на граѓаните. Некој од нам познатите демократски земји на своите граѓанки полна рамноправност им дозволиле дури во седумдесеттите години на дваесеттиот век.  А правото и слободата се освојува и се чува. Нема вечно дадена слобода ,нема вечно заслужени права ако не се потврдуваат со нивната комплементарност – одговорноста. Колку имаме право, според уставот и законите, исто толку имаме обврска тоа право да го користиме, како одговорни единки од заедницата“, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе излезат ли штипјани на изборите за градоначалник?“.

A. П. 

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ