Пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн.
Предлогот, со кој се предвидува пратеници со позитивен тест за Ковид-19 и со решение за изолација да можат да се изјаснуваат на пленарни седници и на седници на собраниските комисии, го поднесе претседателот на Собранието, Талат Џафери.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шкриељ: Различностите се богатството на едно општество
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Актерката Несрин Таир во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите и ја искажа својата верба дека во нашата земја има многу човекољупци. Таа во своето обраќање, го цитира нашироко познатиот турски уметник, Зулфи Ливанели, инспириран од една мисла на Достојевски, вели дека убавината ќе го спаси светот…
ФЛЕШ ВЕСТИ
Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше среба со директорите на ковид – центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на која се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти.
Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието.
Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција изјави дека околу третина од обврските на министерството за оваа година се пренесуваат за следната, поради ребалансот во месец мај оваа година, кога буџетот за култура е скратен за 30% и затоа што во јуни и јули оваа година од неразбирливи причини се склучувале Анекси на договори за зголемување на сумите во одредени дејности, како и прифаќање на проекти по жалба, кои претходно биле одбиени.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Дневната мерка во политиката – како и во новинарството или глумата, впрочем – е да вредиш толку, колку што ти вреди твојот последен јавен настап. На подолги патеки, идните генерации, од комоцијата на историската дистанца, подобро ќе го ценат твојот севкупен „визионерски“ придонес.Тоа, нормално, е ризична стратегија, доколку сте заинтересиран само за сопствениот дневно-политички опстанок“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе го преживее ли Заев своето последно интервју?“
„Правото да се бира и да се биде биран, е едно од основните цивилизациски достигнувања на модерниот свет. Илјадници години требало да поминат па да се спојат овие две права во едно. Да имаат можност да ги избираат своите властодршци граѓаните на разните држави, со војни и преврати ја освојувале. И така освоената слобода се до средината на дваесеттиот век не била достапна на секој. Не сите граѓани можеле да избираат или да бидат избрани за претставници на граѓаните. Некој од нам познатите демократски земји на своите граѓанки полна рамноправност им дозволиле дури во седумдесеттите години на дваесеттиот век. А правото и слободата се освојува и се чува. Нема вечно дадена слобода ,нема вечно заслужени права ако не се потврдуваат со нивната комплементарност – одговорноста. Колку имаме право, според уставот и законите, исто толку имаме обврска тоа право да го користиме, како одговорни единки од заедницата“, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе излезат ли штипјани на изборите за градоначалник?“.
A. П.