• Latest

Преглед на настани: Инаугурација на новиот ДИК на чело со контроверзниот Даштевски, блокиран Законот за задолжително пензионирање, расправата за пописот продолжува

January 15, 2021
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Инаугурација на новиот ДИК на чело со контроверзниот Даштевски, блокиран Законот за задолжително пензионирање, расправата за пописот продолжува

January 15, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даваа свечени изјави пред претседателот на Парламентот

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даваа свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога.

Новиот претседател на ДИК Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што се се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии.

ЦИВИЛ, пред изборот на Даштевски, ја алармираше јавноста и го потсетува Собранието на Република Северна Македонија дека имаат обврска да носат одлуки со кои се штитат интересите на граѓанките и граѓаните и потсети дека Даштевски е поранешен претседател на Комисијата за заштита од дискриминацијата. За време на неговото раководење со оваа институција, Комисијата беше мртва, со исклучок на случаите кога требаше да се одбранат дискриминаторските и криминалните постапки на режимот на Груевски. Даштевски е човек од првите редови на режимот на Груевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шахпаска: Законот за задолжително пензионирање блокиран од опозицијата со 400 – 500 амандмани

Законското решение за задолжително пензионирање во јавниот сектор на 62 и 64 години е  во собраниска процедура, но блокирано со 400 – 500 амандмани од опозицијата, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Моите сознанија се дека законот е стигнат до второ читање, но за сите четири закони кои го регулираат пензионирањето со 64 години, законите за работни односи, за административни службеници, за здравствена заштита и за високо образование, се блокирани од страна на опозицијата со по 400 – 500 амандмани. Ги повикувам пратениците, како од власта, така и од опозицијата, да најдат решение и исход зашто нашите сознанија се дека сите амандмани се во суштина исти, само за преместување на рокот за важење на законот. Да се договорат и ова законско решение да се биде поднесено#, истакна министерката.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во Собранието трет ден се води расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. И третиот ден од расправата, како и претходните два дена, измина со спротивставените ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.

Лекарската комора започнала со оналјн предавања за матичните лекари во целата земја, на кои им се дообјаснуваат протоколите за употреба на лекот Ивермектин кој се употребува за третман на болеста ковид-19. Од следната недела, како што информираат во Министерството за здравство, лекарската комора ќе организира и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Коалиција „Маргини“ бара Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Центарот за граѓански комуникации“, „Конект“ и „Здружението на даночните советници“, учествуваше на дебата која се спроведува во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис секторот“ на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“, а на кој беше презентирана и публикација за резултатите од финансиското работење на 30-те најголеми јавни претпријатија во државна сопственост.

Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Вчерашната вест што го обиколи светот вели вака:

„Британската агенција за стандарди за возачи и возила неодамна извести за нов неславен рекорд. Човекот, чие име не е објавено поради заштита на приватноста, успеал да го положи теоретскиот испит откако претходно паднал дури 157 пати, а за тоа потрошил околу 3.000 фунти.“

Хахахахахаааааа… Не знам зошто, паметот веднаш ми отиде на аналогија со нашава пуста политика: Има еден – поради заштита на приватноста, името не му го објавуваме – кој се обидува стотина пати до сега теоретски да ја освои власта во Македонија и му остануваат уште само 57 обиди конечно да успее во тоа! Упорноста, кога и да е, може да му се исплати“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Вози, Мишко!“.

„Во 2016та година, една година по разгласениот BREXIT и во годината во која победи Трамп живеев во Англија и се чини како да беше вчера како низ улиците во Лондон започнаа протестите против него. Се сеќавам дека бев во шок и не можев да поверувам во резултатот, но откако Клинтон јавно го призна поразот во име на демократијата сфатив тека тоа е нашата нова реалност“, пишува Емилија Попоска во колумната „Неподносливата самозаљубеност на Трамп“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ