Вест на денот: Средба на Заев, Димитров и Османи со еврокомесарот Вархеји
Позитивните оценки за Северна Македонија во Годишниот извештај на Европската Комисија беше добра вест, но тоа е уште една силна причина повеќе да се работи уште повеќе на спроведување на реформите и на успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција во декември, беше истакнато на онлајн средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
„Идентификуваните областите на кои им треба понатамошна работа, препораките и насоките, како и секогаш, ќе бидат преведени во нашата агенда за реформи, особено во клучните области на судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави премиерот Заев на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји.
Приоритет на Владата за следниот период, е понатамошното унапредување на агендата за реформи на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот, на граѓанското општество и на меѓународните партнери.
Како исклучително значаен на оваа средба со еврокомесарот Вархеји беше оценет Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан од 9 милијарди евра претежно за поголемите инвестиции во инфраструктурата со регионално влијание, наменети и за економско закрепнување на регионот заради последиците од пандемијата со КОВИД-19.
Еврокомесарот Оливер Вархеји ја искажа неговата, и силната поддршка на Европската Комисија за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области, и изрази очекување дека во претстојниот период ќе се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ.
Изјава на денот – Вархеји: Соработката со земјите од Западен Балкан е клучна во борбата против криумчирањето и управување со границите
Honoured to be invited to #EU #WesternBalkans ministerial forum on justice&home affairs. I reaffirmed priority we give to our relations with the region. When it comes to migration, enhanced cooperation is key to improve border management capabilities&counter smuggling activities. pic.twitter.com/9WSzx3s9qf
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) October 22, 2020
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
„Европа е наш дом“ со теренски активности Прилеп, Битола, Новаци, Mогила и Ресен
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги посетат инфо –штандовите во Прилеп, Могила, Новаци, Битола и Ресен , утре со почеток во 11 часот посветен на промоција европските вредности и интеграции.
Анкета: Со влез во ЕУ ќе се искорени корупцијата која е рак-рана кај нас
На прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали нашата држава заслужува да влезе во Европска унија, дел од граѓаните на Штип, Пробиштип и Крива Паланка сметаат дека државата е спремна да биде дел од европското семејство уште од деведесетите години, бидејќи повеќе ги исполнуваме условите дури и од некои земји што влегоа во ЕУ во изминатите неколку години.
СКЕН – видео магазин: Национализам – Од идеја за прогрес на државата, до зло на општеството
Флеш вести
Правда – Маричиќ: Неопходна е брза дигитализација на судството за да продолжат постапките и во време на пандемија
Новинарство– Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство
Интеграции – Заев-Мишел: Приоритети на Владата се унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин со вклучување на опозицијата во Парламентот
Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија
МВР – Спасовски: Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти се должи на заедничката соработка на земјите од регионот и ЕУ
Слободна зона
„Катастрофичниот приод на опозицијата за сè што се случува во Македонија не дозволува да се пропушти оваа „идеална“ прилика со епидемијата за да не се посоли врз „раната“ на општата загриженост во јавноста. Ако нешто може да се усложни, да се успори, да се закочи – политичкиот инстинкт на опозицијата е тоа да го направат“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Трла-баба-лан-да јој-проѓе-дан“
Д. Тахири